Мартина, значи ја видов со колку возам тек кога ми искочи типот со палката. Дека ме мерат со радар, не видов, радарот беше одма пред автобуската, на автобуската гужва, типот легнат на хауба и не ги приметив од семафорите кај Влајко. Значи кога ми искача типот со палката јас не намалив туку прво погледнав во брзинометар. Беше меѓу 85 и 90 а ми покажаа на радарот 86.
За да постои алгоритам во радарот не е прекомплицирано, се зима просек од сите производители колку лажат за километражите, па тој се користи. Али пошто се уште не најдов некој цврст и валиден доказ (тврдење на некој тип од Quora ти е подеднакво валидно како и, чисто како пример, твоето тврдење за фланшата, само што е јазикот различен) за толеранцијата на радарите, тогаш ќе се подзамислам.
Друга работа, на форумов има неколку членови кои имаат бајаѓи подлабоки врски во полицијата, па ако сакаат нека ги прашаат сообраќајците што работат со радари па да чуеме нивно мислење на оваа тема. Исто би имало мала веројатност да организираме тестирање на едно возило при различни брзини, мерено со полицискиот радар, со километражата и со ГПС уред, па да ги споредиме брзините.
Ипак не ми се верува дека некој од сообраќајците ќе се нафати да одвои пола саат од своето работно време за да тестираме, али врски и све е можно нели.
Таа физиката, т.е. дијаграмот што го посочи во линкот нема никаква поврзаност со темава. Тој само го објаснува и илустрира начинот на пресметка на брзината.