Ако сите ланчиња цркнале до 50.000, значи дека не ни имало тест фаза. Директно продукција, муштериите ќе тестираат. Извини ама јас да плаќам по 120.000 денари за турбо и ланче не ми паѓа на памет. И да ќе платам јас, нема да покрие ништо гаранцијата, пошто најверојатно ќе цркне после гарантниот рок, или ако ја купувам на старо најверојатно е со помината гаранција. Истото го направи VW и со прочуените SIemens дизни кои рикаа како сијалици. Дури после 8 години VW призна дека се фалични и понуди бесплатна замена. Тие што си ги смениле на своја рака не добија компензација. Ова за во запад кажувам, кај нас нема никогаш ни да те известат дека требало да ти сменат дизни беспари, може ако имаш пријатели само.