Твоја препорака што е најдобро од класа на Голф 6 (2009-2013)? Ме интересира зошто јас барав половна кола цели 4 месеци од тој сегмент и пристапив целосно несубјективно. Најзагреан бев да земам Мазда 3 па тргнав да барам тројки, а одкако се изнагледав и Астри, Браво, Ц4, Мегани што увезувани што домашни и од пријатели на крај се решив да пробам да видам и што е финта со Голфовите . Незнам како да ти доловам но посебно Бравото, Ц4 и Меганот неможеа ни да се споредат во квалитет на завршна изработка во кабината и ергномија, буквално како полу-продукти делуваа. По не многу мислење посебно зошто ми дадоа добра цена за Голфот го зедов (кој е возен како рент-а-кар од Скопје, така да можеш и да претпоставиш колку е чуван) Моментално има 125 000км и внатре нема ништо ни да крцне ни звук да испушти сите пластики во кабината, волан, менувач да не преувеличувам ама се како вчера излезени од фабрика. Од друга страна пак воланот и менувачот на Бравото и Меганот беа партал внатре на 100-125 000, Бравото крцкаше што и да пипнеш на таблата (и тоа имаа реални км 100%, зошто Бравото е фамилијарна кола на комшија ми). Баш затоа и прашав на темава зошто се толку хејтани Голфовите кога во најмала рака се рамо до рамо со конкуренцијата иако мене ми остави и надпросечен впечаток во однос на останатите кога беше време да купувам кола.
Џабе се трудиш, ти одговорив претходно. Ете си имаш искуство свое.
Јас имам Поло и Фиеста. Нови купени, скоро исто стари. Исто чувани. Моментално фиестата делува како да е 5 години постара од што е. А уствари е 1 година понова. Не се труди, неможе тоа да го објасниш. Ама ете си седнал си увидел сам, тоа е најважно. Сам кога ќе си увидиш. И после ќе можеш да оцениш кога некој друг ќе ти кажува од кои причини кажува вака или онака. Баш фино што не си тргнал по Голф, туку баш по друго. Конкретно 3јка, ама ствар околности си ги видел останатите, и си заклучил. Твоето искуство за тебе е најдобар показател. Тоа што ти конкретно си го осетил неможе да го сфати друг човек. А погоре и ти објаснив и јас а и другите зошто е мислењето за голфот. Некои го фалеле и сеа да се оди контра.
ли од завист во глобала.
А еве и потврдено тоа што го кажав.
Поради фактот што има група која е многу нападна, а се труди VW возилата да ги прикаже како најголемо совршенство на овој свет плукајки по се друго, а тоа ствара одбивност. На кратко речено тоа е.
А понатаму, не се сакаат коли што држат цена како Голф зошто се понепристапни за купување од народот. И сега ти можеш да земеш на пример Астра за доста пониска цена од голф. Дури и во Германија на мобиле.де ако бараш најефтини ти се лансери, мегани, 308, астри, фокуси и при крајот голф. И сега ако не си увидиш сам што е поентата си викаш ова види прескапо. Ама треба да се искуси без предрасуди за да видиш што е што.
Човечката психологија е многу комплексна. Неможе едноставно да се разбере кај еден човек. А сакаш да ја разбереш кај група луѓе. Тешко е. Многу параметри има. Треба многу информации, а сите тие се субјективно извитоперени. Затоа не се труди.
Има и народ што од извесни ни за нив нејасни причини како што си го цитирал Карпатиан Лорд, „мразат“ голф. Демек они се „над“ голф сваќаш? Многу интересен концепт ми е и тоа. Имаш вакви еден куп на форумов, во живо малку помалку. Пират мислам е сличен он мрзи голф. Ете горе и ти објаснил „зошто“ он мисли дека го мрзи. А колку се тие мислења субјективизирани и черипикувани е многу длабока и комплексна работа. И така натаму.
Ама треба да се обидеш да ги сфатиш нивните сфаќања, и пред се да разбереш дека се непроменливи. Ти неможеш и не треба да влијаеш на нив. Зошто џабе си трошиш зборови, они си рационализирале нешто, господ знае од кои вистински причини и се затвориле во кутијата внатре и излегување нема. Зошто за да излезеш од кутијата прво сам треба да се побиеш, а тоа е многу тешко за просечниот човек. Треба сам на себе да си признаеш дека неточно си мислел, замисли. Нели разни луѓе, разни сфаќања. Многу од нив премногу вкоренети и непроменливи и черипикувани и субјективни.
Но! Не се они криви. Таква е човековата психологија. И јас и ти имаме можеби некои такви мислења, но за други работи. Еве јас можам за мене да ти посочам. На пример SUV неможев да смислам пред некое време, ама гледам народ купува, сум возел еден куп СУВови и се трудам да си го побијам своето мислење. ГЛедај народ купува, големки се, простор, си ги продавам сам на себе сфаќаш? „Како караванче ама поубавко на изглед и пократко“ и кога го тестиравме Спортажот ептен ми легна, и ќе речам ете гледаш си грешел. Си признавам... И ќе дојде паркинг, ништо не гледам никаде. Прегледност 0. Ќе видам уште па и некое видео како се тумбаат на автопат, како кочат безвезе... Каков народ ги вози... Па тешки се во килажа, па потрошњи... И ќе си речам пак море не сум грешел еве види сега. Така и они, дури и да дадат шанса ќе се јави некоја причина ситна и зависно од својата психологија ќе си речеш „ете потврда“ во право бев. И после ќе влезам во прегледен хеџбек како Голф или седан како Авенсис. Лелееее па ова било рај за возење. Јас сфаќам дека сум се мачел со СУВот да мислам да се протињам, на невидено да проаѓам, колку сум се напрегал без да знам.
И тоа ти е. Они така за Голф. Човечка психологија. Не е до колите. До нашето разбирање е. Не само за коли, за се е така.
Или еве за Матиз. Јас имам фобија од колата. Од буката, од изгледот, од стабилноста, од седењето, од мотор... од све. А пред се од типот на луѓе кои ги возат. Во 90% од времето денес колоните се предизвикани од Матиз. Има голем дел од камиони, ама ајде од нив леб јадеш, ти носат сладолед, пиеш кока кола. Мора да одат, тоа е. Ама тоа прениско ниво на сигурност и бучава те тера да возиш нервирајќи се околу себе. Поготово што е ефтина, и привлекува луѓе од типот „Џабе Ауди си купил кога си позади мене, сега ќе почекаш“. Зошто он цел живот чека луѓе со Аудито, и сега дошло времето кога е он во надредена положба, и „има да го почекаш“. И ај тоа, да се навратиме на комфорот. Ти внатре се осеќаш како да возиш многу побрзо од што стварно возиш. Еднаш возам со еден другар околу Скопје, и наеднаш полиција.
И ми вика „еј, еј џандари намали!“
- Што да намалам 120 возам.
(се наведнува да види) Ауу, јас мислев 200 возиш. (Смеејќи си се)
Он искрено мислеше дека јас го цепам Матизот којзнае колку, и ми рече да намалам еј.
Се изнасмеавме за тоа каква кола е и си продолживме. Па погинаа тука на Орце Николов двајца, па што се не. И сега пази, ова се исто мои мислења за Матиз. И јас до сега не сум видел позитивна работа во таа кола. А негативни милион сум видел. За разлика од СУВ јас за матиз не се колебам за моето мислење. Немам зошто. Кај СУВ имам 10 позитивни, и 10 негативни работи. Ама овде сите 20 се негативни според мене. И нема простор за колебање и дискусија на темата. А за Сув на пример ете има. И се утепувам од мачење да ги сфатам, да им ги осознаам сите карактеристики, да ги разберам СУВ колите, па здравје ако си оправдам пред себе и да купам некоја, ако ги пребродам негаивностите.
Поздрав, и не се вреѓајте одма за све.