1.9 JTDm и 1.9CDTI се потполно идентични мотори (дали 8V или 16V).
Се произведуваат во две фабрики Pratola Serra,Италија и Kaiserslautern, Германија!
Се работи за мотори со потполно идентична спецификација.
8V се покажа како многу по reliable во споредба со 16V, но и 16V со мали измени се прави солиден мотор.
Со години го следам моторов, сопственик сум на два, читам review-а, гледам real life примери и искуства и никој досега нема речено дека овие мотори не чинат. Никој!
Општо сите JTD/JTDm/CDTI мотори се покажуваат како екстремно добри, издржливи мотори кои тераат доста километри.
Единствено можеби CDI на Mercedes да е подобар.
Како и да е, горе долу си дизел мотори се добри што моментално се нудат, евентуално 1.4 HDi е проблематичен и некои чаршиски муабети за Ford 1.8 TDCi за кој стварно неам некој податок дали навистина има проблеми или не.
Карпатскио го има овај мотор во Зафира и во 147.
Нека кажи разлики/сличности.
Разликата меѓу 1.9JTD/1.9Jtdm (cdti) е во посмирената работа на моторот. CDTI (JTDm) е многу порафиниран.
Палењето на ладно кај CDTI е мноогу многу смирено, за разлика кај JTD кој работи како трактор првите 2-3 минути.
Самата разлика во вбризгувањето си го прави своето.