Твоја препорака што е најдобро од класа на Голф 6 (2009-2013)? Ме интересира зошто јас барав половна кола цели 4 месеци од тој сегмент и пристапив целосно несубјективно. Најзагреан бев да земам Мазда 3 па тргнав да барам тројки, а одкако се изнагледав и Астри, Браво, Ц4, Мегани што увезувани што домашни и од пријатели на крај се решив да пробам да видам и што е финта со Голфовите . Незнам како да ти доловам но посебно Бравото, Ц4 и Меганот неможеа ни да се споредат во квалитет на завршна изработка во кабината и ергномија, буквално како полу-продукти делуваа. По не многу мислење посебно зошто ми дадоа добра цена за Голфот го зедов (кој е возен како рент-а-кар од Скопје, така да можеш и да претпоставиш колку е чуван) Моментално има 125 000км и внатре нема ништо ни да крцне ни звук да испушти сите пластики во кабината, волан, менувач да не преувеличувам ама се како вчера излезени од фабрика. Од друга страна пак воланот и менувачот на Бравото и Меганот беа партал внатре на 100-125 000, Бравото крцкаше што и да пипнеш на таблата (и тоа имаа реални км 100%, зошто Бравото е фамилијарна кола на комшија ми). Баш затоа и прашав на темава зошто се толку хејтани Голфовите кога во најмала рака се рамо до рамо со конкуренцијата иако мене ми остави и надпросечен впечаток во однос на останатите кога беше време да купувам кола.
[/quote]
За голф и меган не сум компетентен да зборам многу бидејки ги имам возено и двете возила само на кратко, но за бравото ќе си дадам слобода да кажам дека не се согласувам со тебе.Имам фиат браво 1.4 90hp бензин купено 2009г од аутомобиле ск на ново.Денес има поминато нешто над 230000км.Во текот на овие 230000км освен потрошен материјал, не сум имал никаков проблем, а ти гарантирам дека има поминато повеќе од 60000км на патот Струмица-Радовиш кога патот беше коцки а не како сега, па сега нема никакво тропање,крцкање и слично внатре.Тотално различна состојба од тоа што ти го збориш.Возењето е мазно,тихо и не замара.Сеуште немам менето дискови,јабучници,спони,задница ништо нема чепнато, и немам никаква мака.Никакви проблеми со мотор,електроника,мењач и сл.Најголема мана на ова возило е силата на моторот.Ти ќе бркаш работа и со овој мотор, но си сака повеке сила посебно при преткување.Не дека го фалам своето, не ни имам потреба да го фалам, ни го произведувам ни го продавам јас, само зборам од мое долго искуство.Јас сум презадоволем од квалитетот на возилото, посебно моторот кој работи како нов и ден денес и после 230000км.А од овие увезените што се лемени и правени од 2 коли 1 како кинеските телефони не можеш да кажеш какво е возилото.Јас Фиат Браво би препорачил на секој пријател кој сака едноставно возило кое е ефтино за одржување има удобна вожња има доволно простор и нормална потрошувачка и има се што ти е потребно од еден автомобил.Тоа е моето искуство до сега, напишано на кратко.