Колкави се шансите и дали е можно да "запече" пукнатината?
Колава веќе недела дена е без проблем, накај Водно ја извозев на повисоки вртежи, нивото на разладна течност е во нормала, црева не дуе, притисок во системот нема.
Сакам да го извадам резервоарчето и да го исперам од црнила што направи, да испуштам течноста и да ставам нов антифриз 50-50 па со оглед на тоа дека ќе биде "поагресивна" разладената течност, да видам како ќе тера.
Од големиот сервис (каиши, затегачи, в.пумпа) поминати се 4 години или 40к км, километрите се малку ама по години, следната ќе си бара повторно промена, вака визуелно каишите изгледаат океј само има некој ролер што свирка.
Климата е океј, сменета перка, дополнет системот со фреон, направена контрола. Нешто ми спомнаа за филтер на фреон да се промени, ќе гледам и тоа да средат.