Автор Тема: Seat Ibiza ST 1.2 TDI  (Прочитано 23087 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #75 на: 29 Јули 2021, 07:16:31 am »
Фабиа не е шкода, туку е Дачија.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #76 на: 29 Јули 2021, 07:42:35 am »
Влатко, веројатно си го правел истово истражување пред купување на 1.2 TDI мотор, па ако можеш во кратки црти да ми опишеш на кои работи треба да се обрати особено внимание кај овие мотори, би ти бил благодарен.

Има на еден плац Ибица и Фабиа со моторов, па ме тера памет да ги погледнам.
Моторот е многу интересен зошто ќе си речеш 75кс али е мерак да го возиш на отворено. Не троши, на 120км/ч има обртаи како на 2.0 тди. Јас ти ги разбирам годините и желбата за мито или нешто слично, али ако рационално се размисли мито на тие години се купува ако мама и тато ќе те "изненадат" за роденден, или па си веќе човек во години и си купуваш мито како втор автомобил повеќе за забава. Гарантирам дека 1.2 тди ќе те тера што повеќе да возиш, не троши, иде многу добро и километрите ги лапа без проблем.

Според мене најбитно од се за овој мотор е состојбата на дпф. Впрочем преку него може и да дознаеш дали е вратена километражата пошто никој не се замара колку грама пепел има во дпф-то. Симни ја апликацијава https://play.google.com/store/apps/details?d=com.applagapp.vagdpf&hl=en&gl=US и со ОБД види колку му е oil ash residue. ДПФ-то може да собере максимум до кај 70 грама на уљна пепел и кога веќе си на таа горна граница многу често ќе имаш регенерации и неуспешни ќе бидат. Некаде 40тина грама ако има тоа значи дека колата има поминато отприлика околу 200.000км +/-. Ако на пример ибицата вика дека е со 250.000 поминато а има 50-60 грама уљна пепел ондак знаеш дека лажат. Не е проблем километражата на овие мотори колку што е проблем ДПФ-то. Не верувам дека сакаш да се ебаваш со дпф поправки кои вредат 30% од вредноста на колата.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #77 на: 29 Јули 2021, 13:13:01 pm »
@MartinAlfista изгледа си некој баксуз  ;D - колава не беше палена 4 недели, си запали одма ама сервото пушти душа. Се провери да не е случајно до акумулаторот, но испадна дека не е. Ново серво 300 евра или половно може да се најде за стотина ама во каква состојба ќе е. Ќе треба да ја оставам на сервис денес/утре па ќе видиме што како подетално.

Еве ти уште еден совет од мене, види сервото дали работи  :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #78 на: 29 Јули 2021, 17:22:10 pm »
Е јебем ли га ;D нема таму некој што ги репарира електричните компоненти внатре?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #79 на: 02 Септември 2021, 16:05:48 pm »
Како што реков, сервото испуштило душа. Ставено оригинал trw репарирано све на све 400евра со се работна рака. Работи како што треба, имам и гаранција што е најважно  ;D

Денес ми стигнаа филтри и уљенце, комплет 75 еур, утре планирам да сменам све натенане.

« Последно менување: 23 Септември 2021, 12:34:53 pm vlatko.klp »

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #80 на: 03 Септември 2021, 14:58:32 pm »
Имав можност да возам буквално исто возило, некои 1000км, па можам да кажам дека колата се однесува како да има барем 30кс повеќе, си држи темпо 160-170 км/ч на автопат без никаков проблем, со смешна потрошувачка која не надмина 5 литра на 100км како и да ја возев.

Одличен избор на возило и моторизација за него.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #81 на: 23 Септември 2021, 09:23:11 am »
Да, има нешто интересно за овој мотор и менувачот како комбинација, многу долги брзини има и на отворено кога возиш 150-160 имаш осеќај дека возиш 2.0 тди, мирно е не е бучно и си ги лапа километрите  :D

Иначе пред некој ден на 196.660км му сменив уљенце 0w-30 и филтер за уље (после 2 години т.е. грубо негде 14.000км поминато), филтер за воздух (после 2 години), филтер за полен (после една година).

И технички преглед поминав пред 2 недели без никакви забелешки, а сум прошол само 5к оваа година  ::)



стариот филтер за полен



Сменив уље со пумпица модел Pela 6000 oil extractor ептен сврши работа.




Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #82 на: 23 Септември 2021, 11:48:17 am »
Како што реков, сервото испуштило душа. Ставено оригинал trw репарирано све на све 400евра со се работна рака. Работи како што треба, имам и гаранција што е најважно  ;D

Денес ми стигнаа филтри и уљенце, све комплет 75 еур, утре планирам да сменам све натенане.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Пред да цркне сервото зуеше (негде од кај фиоката) при вртење на воланот на паркинг?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #83 на: 23 Септември 2021, 12:34:23 pm »
Не зуеше, знам еднаш одамна може беше пред повеќе од пола година, жена ми се јави на паркинг вика ја запалив колава ама сервото не работи. Исклучила контакт запалила пак и проблемот не се појави се дур мене не ми цркна на палење летоска :)....а колата не беше запалена претходно преку 4 недели.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #84 на: 23 Септември 2021, 17:15:05 pm »
Ребрастиот каиш го смени?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #85 на: 23 Септември 2021, 18:28:02 pm »
Не, колава е 2012 па чекам 210.000км или 10 години односно 2022. Али може и да ја продадам до тогаш колата.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #86 на: 16 Ноември 2021, 08:55:49 am »
Тракторот денес си доби половни ОЕМ раткапни, ги најдов сосема случајно 25 евра комплет. Челичните бандажи се ептен рѓосани и вака да заличи на нешто зимово


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #87 на: 16 Ноември 2021, 10:18:58 am »
Што фино легнале, како оригинал да се  :D . Јас моите челични од зимскиот сет од кога се спремам да ги средам (шмирглање, фарбање) ама никако да стигнам, а почна ептен корозија да се познава на нив
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #88 на: 28 Декември 2021, 15:08:45 pm »
Moже клуч, продадено во блиска фамилија.

Жал ми е по малце али поради ковидов веќе скоро 2 години работиме со жена ми двајцата од дома и нема потреба во моментов од второ ауто.