Во петокот бев до кај електричарот, требаше да ја оставам колата, ама бидејќи ми требаше се договоривме за утре-понеделник.
Е сега, пошто не издржа срце да не умешам прсти, ја извадив перката, ја пробав на акумулатор ништо не се случи, ја мерев со унимер-никакви знаци.
Перката ја извадив од моторчето да видам што се дешава, при вадење од моторчето прашина/струготини испадна колку сакаш и несакаш, го издував со компримиран воздух излезе доста ѓубре. Го избањав со контакт спреј и пак го мерев, овој пат покажа знаци на живот. Монтирав на кола, пуштив клима и почна да врти, ама врти како без душа, многу споро.
Што ми е прашањето, штом добива сигнал и пали би требало да е во ред со релиња, инсталации до неа?
Тоа што врти споро, би требало да е до моторчето на перката?
Мислење?