Не е точно, не е проблем до младите. Или уште поточно, уште Сократ има кажано дека проблемот е до младите генерации и така со векови
“Children; they have bad manners, contempt for authority; they show disrespect for elders and love chatter in place of exercise. They no longer rise when elders enter the room, they contradict their parents and tyrannize their teachers. Children are now tyrants.” Socrates circa 470bc
Промената, а не поправање е наметната од потрошувачкото општество во кое живееме. Сите уреди, почнувајќи од домашни апарати (тв-а, машини за перење, усисивачи и сл.) па до индустриски и специјализирани машини, се проектираат да биде што потешка поправката и понеисплатлива. Односно, повеќе да ти се исплати да промениш дел отколку да го поправаш. Примери миљон, главчина интегирана со лагер, да мора цела да ја смениш кога ќе отиде лагер, брава на врата која е интегрирана механика со електроника, пунктувана така финтаџиски да не можеш да ја растуриш и поправиш, електронска клапна на усис, порано можеше чаури и јабучици на вилушки да менуваш, сеа те тераат комплет вилушка да смениш или да се занимаваш со доџи репарации итн...