Автор Тема: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001  (Прочитано 88547 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7064
  • хаУс мајстор
VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« на: 02 Јуни 2016, 18:06:18 pm »
Бидна, се простивме од малото, си го земавме големково.
Како насловот што вика, видена работа-нема што да должиме и да се објаснуваме, испадна кец на десетка после не толку долгото али заморно трагање по кола.
Иначе на кратко, увезена пред месец дена од пријател, со културно средена документација. Колата си е предобро сочувана за годините.
Опрема:
-климатроник
-серво волан подесив по висина и длабочина
-електрика на прозори-на сите
-електрично подесување на ретровизори и фарови
-фарови со лупи
-халогенки
-борд
-еуро кука со атест заверена во сообраќајна
Ова е она што првично ми падна во очи после овие 2 дена во моја сопственост.
Вчера беше регистрирана, денес се земаа таблички
Прва регистрација, со нови таблички и нова сообраќајна=13500мкд-нека си стои како податок.
Сликчиња од она што имам, здравје деновиве ќе направам поасални.










Километрите се тие, така да во колава има доооста возење. Првични импресии.... чудно ми е малку дека деизел, муабетот со полото и југото и сега ќе го кажам, разликата од југото до полото, е иста можеби и поголема од полото со пасатов. Од моторот пријатно изненаден, не е бучен, убаво си тегне за големината на колата, не тресе како што си мислев. За потрошувачка-рано е.
Во кабината е тивко и пријатно, има доооста комоција :) Седиштата се удобни, се местат висински, задниот дел на грбот исто така се штелува потпората. Каросерски од доста добар за годините, има ситници-али ситници не се страшни и не ми сметаат.
Планови-огромни, само во блиска и брза иднина ќе бидат следниве:
-хемиско чистење-задолжително
-фолии
-алуминиумски бандажи и летни гуми-овие ми се зимски и мора да се сменат
-ролетна за гепек ми фали-треба да си купам
-проѕирната пластика на десното штопче беше скршена,па ја извадиле- значи понатака цело шточче да се купи
-и ситници да си потсредам со ентериерот.
Тоа е тоа, сега за сега...

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #1 на: 02 Јуни 2016, 18:15:07 pm »
Cestito passatce, odlicen primerok...me zabode u oci potpisov od celiov post :) sega si TDI inside

p.s. trkni do Tetovo kaj neshat ke ti najde site sitnici sto ti falat

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #2 на: 02 Јуни 2016, 18:17:37 pm »
Абе домаќинче дете си ти. Ај и тука со здравје да си го возиш, не сум љубител ич на каравани можеби требало обичен да земеш ама тоа си е твој личен избор. Сочувано делува вака на сликите ако км и се реални ќе си возиш уште. Наскоро и едно детенце позади и лепенче baby on board ;D

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #3 на: 02 Јуни 2016, 18:21:26 pm »
Епа ајде колега, со среќа нека е!

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #4 на: 02 Јуни 2016, 18:24:24 pm »
Честито нека е
Со здравје да се вози и да те служи многу километри. :)

2 црвени има позади а 74 KW ....?? нели тие се со 110 или 130 како беа?
Исправи ме ако грешам.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #5 на: 02 Јуни 2016, 18:30:01 pm »
Со здравје да се вози Зоки  :)

Убав примерок си начекал.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #6 на: 02 Јуни 2016, 19:06:54 pm »
Тежок мерак лежи во колава. А штом е кај тебе сигурно ќе го извадиш на виделина! Со среќа возење на фантастична кола со фантастичен мотор.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #7 на: 02 Јуни 2016, 19:08:30 pm »
Честито пасатот, со здравје да си го возиш.
И кај мојот пасат го има истиот мотор.  8)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #8 на: 02 Јуни 2016, 19:40:48 pm »
Одличен избор. Со здравје да си ја возиш и средуваш.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #9 на: 02 Јуни 2016, 20:24:00 pm »
Јас пак си мислев Алфа дека ќе купиш... :D
Со здравје да си ја возиш и пазиш.

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #10 на: 02 Јуни 2016, 21:28:28 pm »
Одличен примерок :)
Со здравје да се вози уба да му е среќата :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #11 на: 02 Јуни 2016, 21:53:54 pm »
So zdravje da se vozi.
Ke si ja sredis poleka.

Vnatre tie ostetenite plastiki kako da vidov video nekoj kako gi farbase.
Kako novi bea potoa.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #12 на: 02 Јуни 2016, 21:58:20 pm »
Ајде, на здравје.
Прва работа - Аир да види. Аир Рајд. :)


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #13 на: 02 Јуни 2016, 22:31:57 pm »
Честитки, Зоки!
Со здравје да се вози, убав примерок си начекал.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #14 на: 02 Јуни 2016, 23:32:33 pm »
Честито кола, со здравје да се вози.

Да не ти го расипувам меракот ама лично мене малце ми е сомнителен изводот со километражата во обележаниот дел на сликата. За секој период од по неколку месеци се гледа дека колата се возела асално додека кај обележаното за 2.5 месеци поминала само 10 км?  Малте не еднаш извозена само за тој период.



Во секој случај со среќа на патиштата и се туѓи жени да возиш во неа  ;D

Brains are awesome. I wish everybody had one.