Од дамна немам ставено некое сликче, па денес дека недела се бањавме
Од естетика, предниот браник ќе го ставам у план за фарбање пошто има добиено многу лузни, што од камчиња и еден мал удар во метална ролетна во подземна гаража, кој за среќа добро заврши а можеше да биде полошо.
Хаубата има две добри линии од шилест предмет и еден тон вдлабки од град. Вдлабките ќе останат, гребаниците ќе се проба со пикирање да се средат локално (ова сам ќе го пробам). Од црните пластики (решетки и лајсни) добар дел од нив се фарбани и почнати да се лупат, така да и тие ќе влезат во листата за средување. Сакам да ја полирам, лакот си го бара веќе тоа. Стаклата се очајно испогребани, исто и тие да се распрашам за полирање, или за менување со половни-добри ако најдам.
Десниот фар почна повторно да пожолтува.
Задно десно стоп светло најдов, треба деновиве да го земам и да се смени конечно. И старото е функционално се, ама естетика...
Сменив запалка и сијаличка, старите не беа во функција. Прекидач за ретровизори почна да забушава нешто, нарачан и стигнат е, треба да го сменам. Сијалички во ентериер имаше рикнати, сменети се и сега сите си светат.
Механички е ок сега за сега, пред недела две ми смени машината звук при работа, некако како да бучеше проследено со вибрации, ја издував неколку пати, моментално сега работи мирно, дури и чудно за дизел. Се сомневам во горивото. Моторот сакам да го исперам, најверојатно на пролет, најверојатно исто како и хемиското што го направив. Која пролет, ќе видиме.
Месецов ќе си добие сервис за кој ќе пишам кога ќе го направам.
Ете, Волксваген а си има проблеми. Да им се намочам
Sent from DHL