Автор Тема: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001  (Прочитано 88654 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #255 на: 20 Јануари 2020, 14:49:50 pm »
Мора да се стиска пуна, Пасат е тоа, не е Развигорче.
 ;D ;D ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #256 на: 20 Јануари 2020, 15:52:57 pm »
Чекајте малку, "Коњите Passat трева" сеуште :D
Се разбудија :)
Турбото е сменето, земено како што кажав од Ужице. Покрај турбото Митревски ми кажа дека се исчистени интеркулерот и цевкариите околу него бидејќи при вадење на гумените црева од интеркулер истекло масло (е сега сум сигурен дека тоа што чурело од издув, било од турбото а не Аралот).
Вака на прва колата работи ок, влече ок со не многу осетна разлика од предходно. Немав можност да ја стиснам ме фати гужва низ град, ќе видиме деновиве тестот накај Водно ;D
Зафатов ме кошташе нешто ситно над 300€ во кој влага и работната рака, турбината има 1 година гаранција, дечкото од турбо сервис Ужице беше ок, достапен и во друга држава преку Вибер. Пофалби.

Друга работа што видов на сликиве, задна шапа која требаше да се смени, отпаѓа за идни интервенции бидејќи се среди после менувањето глицерин, се случуваше на дигање рачна кочница да заглави и да не се враќа, летото ќе направев беља така бидејќи не приметив дека заглавила а ја возев доста. Кога дојдов дома смрдеше на изгорено па се вртев 15мин околу кола па случајно да осетам јака топлина од тоа тркало каде што блокирала. Ја разработував рачно со WD40 но решението беше краткотрајно. Битно сега е ок, т.е не е пошто тој диск и тие плочки се умрени да речам.

По повод на тоа следна интервенција ми е менување 4 диска и плочки, може етапно да ги менувам 2 со 2 ама ќе видиме, битно е да се сменат.
 Имаше уште нешто ситно како долни прави рамења и тие ќе се сменат.

Е ова кога ќе го средам, се надевам до пролет, следно ми е амортизери. Мислам дека овие се ок ама сакам да ги проверам деновиве. Како и да е и да се ок ќе се земат коиловери и ќе почнам пак со циркуси.
Тоа би било сега за сега.
« Последно менување: 20 Јануари 2020, 18:47:36 pm зоки-златен »

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #257 на: 25 Јануари 2020, 19:32:52 pm »
Како се вика овој дел кај турбото и шо функција врше?
Кај мене на фиато е цело р'ѓосано и мислам тоа ми праве некогаш проблем,т.е колата ми работи како без турбо,но кога ќе ја спукам од 3000грм нагоре почнува да "корне" 😁


Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #258 на: 25 Јануари 2020, 21:08:04 pm »
Како се вика овој дел кај турбото и шо функција врше?
Кај мене на фиато е цело р'ѓосано и мислам тоа ми праве некогаш проблем,т.е колата ми работи како без турбо,но кога ќе ја спукам од 3000грм нагоре почнува да "корне" 😁
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Тоа се вика wastegate и има функција да го регулира притисокот на полнење на турбото (boost).
Ако од надвор е р`ѓосано немора да значи дека не функционира.Треба да се отвори и да се види неговата состојба внатре + има начин да се проба дали и како функционира (за тоа треба механичар)

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #259 на: 25 Јануари 2020, 21:28:00 pm »
Кај мене е ептен рѓосано,мислам дека таа осовината шо е од него до турбото тешко функционира,бетер од старо југо е рѓосано,утре ќе сликнам.
Има шанси пример ако е до него да не ми вклучува турбината? (да заглавува од рѓата).
Од време на време тоа се случува,прво мислев дека ставав адетив за ДПФ,потоа на дијагностика покажа МАФ но пак се случува од време на време.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #260 на: 25 Јануари 2020, 21:39:28 pm »
Пошто е VGT, нема wastegate, туку тоа е вакyумскиот регулатор на варијабилните перки.
Проблемот веројатно не е во рѓосаното шипшче, туку во вакуумската регулација. Провери си ги сите вакуум црева, прво почни од тоа дали тоа шипчето мрда од една крајна во друга крајна положба кога ќе ја запалиш колата. Ако е на исто место, многу веројатно дека имаш проблем со вакуумот. Ако се менува положбата, треба да се види при турирање дали мрдка, или не, ако не мрда, тогаш може да се запечени и засаѓени вариабилните перки во самото турбо, и да не може да има доволно движење. Може да е и до електичниот регулатор кој се наоѓа на вакуум цревото пред турбо. Но прво провери "vacuum leak", па после све друго.
А да, провери и да не имаш "vacuum leak"... не можам да потенцирам колку може да биде ова вообичаеен проблем :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #261 на: 25 Јануари 2020, 21:48:20 pm »
Okay boss 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #262 на: 16 Февруари 2020, 13:02:13 pm »
Денес после два дена возење без лев ретровизор како мува без глава, сменето стакло. Мене без едно стакло ми е непријатно возењето, незнам за оние без ретровизори како тераат... Купено од каросерија.
Имав мал мацолка сусрет со еден чика и неговиот џип, по негова вина.

Sent from my A1 Alpha using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #263 на: 17 Март 2020, 16:32:26 pm »
Купени и ставени на бандажи денес Matador Hectora 3 mp47 во димензија 225/45/17 39та недела од 2019 3240мкд. парче
На кола ќе ги ставам деновиве, прво сакам да ја однесам на проверка на подвозје и центрирање.
Сакам и да ги офарбам бандажите, ако не биде тоа додека не се стават, значи никогаш...
Следно нешто, се надевам спирали.

Sent from my A1 Alpha using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #264 на: 17 Март 2020, 16:37:20 pm »
Кажи каков прајслес мирис има нов сет гуми во ѓепек..

:D

Со здравје да ги тркалаш. Прилично ниска цена за 17-ка.. Браво!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #265 на: 17 Март 2020, 16:53:32 pm »
Џабе мирис на нова гума, кога колата мириса на кочина. Толку лошо се умириса од последното перење во перална, никогаш вакво нешто не ми се десило. Да се ослободам малку од индијанците и одма и влагам мушки.
Цената е океј, барав Тигар ама ги немало веќе, Рикен биле нивна замена ама шо знам... ќе видиме.
Фала :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #266 на: 17 Март 2020, 17:00:45 pm »
Аман бе пичкамуматер, повеќето се жалите на мирис во кола после перење..

Со што бришат таму по Скопје, со посрани гаќи?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #267 на: 17 Март 2020, 17:02:17 pm »
Фино гумиче е.

Другар ги вози на ауди а3, задоволен е.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #268 на: 17 Март 2020, 17:09:47 pm »
Аман бе пичкамуматер, повеќето се жалите на мирис во кола после перење..

Со што бришат таму по Скопје, со посрани гаќи?
Мислам дека повеќе е од самобришењето кожа на бришачот отколку од крпите. Не сакам да бидам вулгарен и да навредувам, ама некои стварно немаат осет изгледа. Донекаде и разбирливо ми е, тргнувајќи од себе кога усисувам кола дома и се запотам, не па 50 коли во денот.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #269 на: 23 Март 2020, 15:04:01 pm »
Во саботата центрирана предница кај Тихо, монтиран летниот сет и испрана во домашни услови. Немав време за хемиско да и правам, ама колку што можев и се посветив максимално на внатрешноста со разни средства и 10 микрофибер крпи. Крпите отидоа во канта директно пошто не беа за пипање веќе. Лошата миризба ја снема но нема да остане само на ова чистење. Здравје ќе почека подобро време.

Гумите. Вака од прва што ми е битно не се бучни. Пробани сабајлево и на мокро добро си држат. За цената мислам дека се ок избор.
Слики немам од ништо, ме стемни :/