Денес на 259к км променети се дискови и плочки. Дисковите и плочките како што пишав во друга тема се Феродо и истите земени од кај Прчот. Промената се направи во сервис Мирко (го зазборевте периодов), покрај промената се репарираа задна лева шепа и една предна/незнам точно која и заменети се црева на предни кочници, биле пред кинење. На задната заглавуваше рачната, на предната подуени гумици.
Старите дискови мислам дека имаат уште материјал, ама стварно изгледаат старо, додека плочките се катастрофално потрошени (даваше известување на борд, ама прекина
, му здосади).
ПС: рамнење дискови на кола прават и истото чини 2000мкд за напред.
Следно од механичка гледна точка ми е проверка на амортизери (чисто превентивно), проверка на летва (има луфта) и да нарачам сет квачило.
После останува само естетика.
Sent from DHL