Секое возило се конструира според намена (потреба) на крајниот корисник.
Правилата се 4 и едноставни и важат како „библија„ во авто индустријата:
- Градско возило (Мало меѓуоскино растојание, комотно за двајца патници напред, никаков гепек, малолитражен мотор, бензинец, или електро)
- Возило за долги релации (Големо меѓуоскино растојание, ниско тежиште, комотно за сите патници, солиден гепек, голем резервоар, турбо бензин/дизел)
- Теренско возило (погон на сите 4 тркала, голем ground clerance, високо тежиште, турбо дизел заради економија)
- Спортско (ниско тежите, простор за 2 патника, распределба на товар 50% на две оски, одличен мотор заради перформанси)
Сите варијации како караван, хечбек, СУВ со преден погон, СУВ со големина на гарсоњера, МПВ со огромна кабина, градско возило со огромен гепек се деривати кои што треба да задоволат одреден спектар на потребите на купувачот.
Е сега тој спектар на потреби, најчесто е врзан со рационална потреба, ментална дијагноза, траума од детство, проблем со его, мал пенис, чувство се покаже висок општествен статус и тн.
Авто призводителите го користат овој момент за да продадат што повеќе возила и да лупнат маркетинг соодветен за да ги продадат кај горе наведените таргет купувачи.
Луѓето кои што купуваат такви возила, пак упорно ги убедуваат другите дека нивниот избор и возилото што го возат е најдобриот и другите се глупи што одбрале нешто поинаку и така...