Јас до пред некое време МПВ не есапев многу-многу. Сум возел и ме возеле на кратки релации и ми биле чудни и непотребни коли. Несфатени од мене. Пред некоја недела поминав 20часа во Мерива од старите. За еден викенд. Иако тоа е од најмалите МПВ возила, понуди простор за 4 возрасни мажи да седат удобно со простор пред колената од барем 5 цм на сите. Понатаму задните седишта благо се налегнуваат. После 20 часа, воопшто не беше напорно како патник. Багажникот е океј за таков вид на возило, но многу поголем од корсата на која се базира. Тоа многу ме замисли да разгледам МПВ возила воопшто. Секако не тие најмалите - сепак се премали, туку средната опција како што е Туран.
Ова е VW Тouran, односно
МПВ:

Ова е Пасат Караван, односно
Караван:

Овие две коли се доста слични, гледано од некој што е дојден од друга планета, дури и ќе е тешко да му се објасни што е разликата. Но, има неколку разлики според мене кои треба да се разгледаат.
Сличности: -Комотно место за седење на 4 возрасни особи.
-Пристоен багажен простор за одење на одмор.
-Можност за кампирање во задниот дел од возилото.
-Слични мотори.
-Не се толку комбести како големите МПВ од типот на Шаран.
-Не се толку ружни како мали каравани.
-Слични цени.
Разлики:Во предност на MPV
-Караванот е доста подолг, и проблематично се маневрира со него. Особено во градски услови.
-По прегледно.
-МПВ возилата немаат голем overhang и убаво им стои спуштена суспензија.
-Малку поефтино одржување.
-Поголем багажник (~100 литри поголем)
-Повеќе опции за разместување во внатрешноста
Во преднсот на караван
-Поелегантен изглед и престижност.
-Малку поголема аеродинамика (~0.29 vs ~0.31).
-Полежерно седење.
-Потивка кабина и ламинирани странични стакла.
Какви се вашите размислувања?