Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 880353 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1305 на: 26 Август 2014, 10:54:21 am »
Сигурен сум дека прашањево е многу пати веќе поставено, но за тоа е темава.

Возилото е Opel Astra H 1.4. Заинтересиран сум за Landi Renzo Evo со торусен резервоар и полначка на место кај капачето за бензин. Која е цената на целиот систем? Исто би сакал појаснување околу капалката за ладење на вентили. Ви благодарам.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1306 на: 26 Август 2014, 16:41:41 pm »
Сигурен сум дека прашањево е многу пати веќе поставено, но за тоа е темава.

Возилото е Opel Astra H 1.4. Заинтересиран сум за Landi Renzo Evo со торусен резервоар и полначка на место кај капачето за бензин. Која е цената на целиот систем? Исто би сакал појаснување околу капалката за ладење на вентили. Ви благодарам.

Цената на Омегас Ево со торусен резервоар изнесува 570 евра (35,050 денари). Доплатата за дводелна полначка која се монтира под капаче за бензин е 600 денари.
Накратко за Капалката со масло - таа е наменета претежно за новите јапонски возила, чии мотори се опремени со вентили кои се под ризик од поголемо загревање кога моторот работи на плински погон. Маслото за заштита на вентилите (valve saver fluid) е превенција за да не се случи такво прегревање. Тоа што мора да се нагласи е дека кај Опел Астра 1,4 нема потреба од поставување на капалка. Доколку сепак сакате да се постави, цената е 40 евра

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1307 на: 26 Август 2014, 20:26:04 pm »
Ви благодарам на одговорот. Татко ми веќе исконтактирал со Звонко, уште термин да се договори. ;)

Отсутен bozoo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 131
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1308 на: 30 Август 2014, 17:04:43 pm »
Мора ли да закажам термин за средување на плинов, се работи за пежо 206 седан 2010 годиште има ландиренцо уред со торусен резервар, мајка ми жена ко жена вчера на бензиска тргнала со се пиштолот на пумпашот и полначката е подизвадена од лежиште на браник, + треба да се среди нешто пошто кога е незагреана пали после 5-6 неуспешни обиди , па те сецка па и не влече ко што треба, у плимонт е монтиран плинот

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1309 на: 30 Август 2014, 17:56:27 pm »
било кој ден иди освен сабота и недела.. закажување е само за во сабота, а недела не работат.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1310 на: 09 Септември 2014, 19:09:03 pm »
Ви благодарам на одговорот. Татко ми веќе исконтактирал со Звонко, уште термин да се договори. ;)
Мора ли да закажам термин за средување на плинов, се работи за пежо 206 седан 2010 годиште има ландиренцо уред со торусен резервар, мајка ми жена ко жена вчера на бензиска тргнала со се пиштолот на пумпашот и полначката е подизвадена од лежиште на браник, + треба да се среди нешто пошто кога е незагреана пали после 5-6 неуспешни обиди , па те сецка па и не влече ко што треба, у плимонт е монтиран плинот

Извинете за доцнењето со овој одговор. Можете да го посетите нашиот сервис секој работен ден, од понеделник до петок, од 09,00 до 16,00 часот. не е задолжително закажување.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1841
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1311 на: 16 Септември 2014, 13:02:35 pm »
Плимонт

Дали до сега имате вградено плински систем на Mercedes S 280, модел W140, моторот е со 6 цилиндри, зафатнина од 2.799 ццм3 и моќност од 142 кв (193 кс)?
Доколку имате вградено, дали имате информација како се има покажано, дали има некоја аномалија?
И доколку може да се вгради, колку би чинело тоа задоволство?
Колата е 1998 година.

Ви благодарам
« Последно менување: 16 Септември 2014, 13:31:16 pm kalimero »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1312 на: 16 Септември 2014, 15:49:00 pm »
Здраво Плимонт, би сакал да поставам едно прашање. Колата е на мој другар така да неможам да ја донесам, иако знам дека така најдобро ќе се реши проблемот.

Алфа Ромео Мито 1.4 155кс мотор, со вграден уред Ловато Смарт се случува повремено(1 на 4-5 дена) да се пали Чек Енџин сијалицата и на тестер јавува грешка P1172. При јавувањето на грешката нема никакви неправилности во работењето, освен што свети индикаторчето секако. Со Torque апликацијата ја бришам грешката успешно и на следното палење по бришењето на грешката колата трокира некоја секунда и гаси. Второто палење веќе е сосема во ред.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1313 на: 17 Септември 2014, 08:17:27 am »
Пред да одговори плимонт, јас малку да се умешам, пошто сум се сретнувал со сличната/истата грешка.

According to the Fiat manufacturer specific code list I have,

P1172 = "Mixture 1 stength (multiplicative)" and/or "Self adaptive parameter TRA".


Ова и мене ми се случуваше после 200-300км возење, и тоа само на плин. Рекалибрација на плинскиот уред го реши проблемот. Проблемот е малку пребогата смеша, и кога компјутерот пробува преку  инјекторите да го реши проблемот, веќе стигнува до момент кога и покрај најнискиот тајминг на инјекторите за зададени услови, смешата е пребогата, и не може понатаму да ја корегира. Притоа запишува грешка во компјутерот. За жал, мене погрешната дијагностика ме кошташе една нова ламбда сонда, ама памет за друг пат - не веруј слепо на механичарот кој те лаже.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1314 на: 17 Септември 2014, 15:27:00 pm »
Плимонт

Дали до сега имате вградено плински систем на Mercedes S 280, модел W140, моторот е со 6 цилиндри, зафатнина од 2.799 ццм3 и моќност од 142 кв (193 кс)?
Доколку имате вградено, дали имате информација како се има покажано, дали има некоја аномалија?
И доколку може да се вгради, колку би чинело тоа задоволство?
Колата е 1998 година.

Ви благодарам

Problematicni za plin se rednite 6-cilindarski motori na Mercedes od krajot na 90-tite godini, podobro da ne se vgraduva plinski ured dokolku se raboti za takov motor. Od druga strana V6 motorite dobro se odnesuvaat na plinski pogon i ne ocekuvame bilo kakvi problemi. Cenata za Omegas Evo 6_cil ured e 830 evra.


Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1315 на: 17 Септември 2014, 15:48:07 pm »
Здраво Плимонт, би сакал да поставам едно прашање. Колата е на мој другар така да неможам да ја донесам, иако знам дека така најдобро ќе се реши проблемот.

Алфа Ромео Мито 1.4 155кс мотор, со вграден уред Ловато Смарт се случува повремено(1 на 4-5 дена) да се пали Чек Енџин сијалицата и на тестер јавува грешка P1172. При јавувањето на грешката нема никакви неправилности во работењето, освен што свети индикаторчето секако. Со Torque апликацијата ја бришам грешката успешно и на следното палење по бришењето на грешката колата трокира некоја секунда и гаси. Второто палење веќе е сосема во ред.

Кога повторно ќе се активира check-engine сијаличката, најдобро е да не се брише грешката и да го посетите нашиот сервис. Верувам дека за кратко време ќе се детектира и ќе се отстрани проблемот.

Отсутен zoki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1316 на: 20 Септември 2014, 19:39:15 pm »
Zdravo imam Suzuki Swift 2001 1.0 (3cil) neodamna kupeno,  ima vgradeno plinski ured lovato kaj vas (2009) god.
Se soocuvam so problem pogolema potroshuvacka na plin 11 L i slabo vlece.
Na benzin dobro vlece i potroshuvackata ne mu e golema.
Nekoja idea za problemot, ili ke morame  da go posetime vasiot servis ? 

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1317 на: 20 Септември 2014, 19:58:32 pm »
треба да ти се прегледа уредот. можеби е до некоја штелка а можеби и има проблем некаков... во плимонт можеш да идеш секој ден од 9 наутро до 16 попладне.. понеделник-петок,

за сабота ке мора по телефон да закажеш термин.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1318 на: 23 Септември 2014, 03:22:53 am »
Здраво Плимонт, заинтересиран сум на моето Пежо 306 од 1995 1.1 Моно-Инџекшн 60кс со поминати 150к км конечно да ставам плин па ме интересираат повеќе информации. Трпи ли моторот плин, што би препорачале и цена? Колку предвидувате дека ќе троши повеќе и ќе изгуби на снага, која и вака малку ја има? Ако имате нешто да додадете слободно пишете.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1319 на: 23 Септември 2014, 16:47:43 pm »
Zdravo imam Suzuki Swift 2001 1.0 (3cil) neodamna kupeno,  ima vgradeno plinski ured lovato kaj vas (2009) god.
Se soocuvam so problem pogolema potroshuvacka na plin 11 L i slabo vlece.
Na benzin dobro vlece i potroshuvackata ne mu e golema.
Nekoja idea za problemot, ili ke morame  da go posetime vasiot servis ? 


Во секој случај најдобро е да го посетите нашиот сервис за да се провери плинскиот уред. Тоа што можете самите да направите е да ја проверите состојбата на филтерот за воздух на возилото. Имено, кај плинските уреди со плочка-дифузер, каков што е и во вашето возило, од голема важност за стабилна потрошувачка е замената на филтерот за воздух да се изведува навремено, на секои 6 месеци или на 7000 километри.