Иако ги прашуваш директно Плимонт, се извинувам што ќе си дадам за слобода да упаднам во муабетот, пошто пред некое време се бафтав со атест.
Имено, Плимонт може да ти ги даде потребните документи за извршување на атестот, но не се прави кај нив. Јас негде во март ставив плински уред кај мене, па Плимонт ми ја дадоа потребната документација, со која потоа отидов во Аутомакедонија (не мора на Машински да одиш за атест) каде беше извршен увидот, сменета сообраќајната дозвола итн итн.
Не знам дали е нешто сменето во меѓувреме. Доколку е, дечките од Плимонт ќе информираат кога ќе успеат да најдат време.