Техничките решенија кои во моментов се достапни не овозможуваат прецизно покажување на нивото на плин во резервоарот. При првиот контролен сервис, на 1000-2000 км вообичаено правиме проверка и корекција на сензорот за ниво на плин.
Количината на плин која може да ја прими резервоарот зависи од неговата номинална зафатнина и од притисикот кој го има пумпата во моментот на точење на горивито (сепак се работи за сад под притисок). Од досегашното искуство може да се каже дека во пракса плинските резервоари собираат 4 до 6 литри помалку од номиналната зафатнина, но на пумпа со повисок притисок резервоарот ќе се наполни целосно.
Ќе ја искористиме приликава и малку да се пофалиме. Точно пред една година започнавме со сериско вградување на уредот Landi Omegas Evo. Во овој период од една година вградени се 1620 Omegas Evo уреди, од кои 1100 само во 2014 година. Досега овој уред се покажа одлично и ги оправда високите очекувања кои ги најавија инженерите на Ландирензо.