Ту бре мајката, човек да не ве остави на кратко сами. Земени се блокот и главата и ќе има слики наскоро.
Инаку блокот е хилзнуван и хонуван, донесен е на фабрички спецификации. Радилицита е супер и балансирана немаше потреба од интервенција. Земени се нови летечи, лежечи и аксијални лагери. Е сега од 8 клипа колку што однесов на испитување толеранциите се 0,06 и 0,07 и сега барам да видам дали ќе најдам нови клипови и клипњачи или ќе одам со овие и нови карики, т.е. нови карики ќе има секако.
Главата ја земавме денес од кај мајстор Тоше, испитана, израјбувана, вентилите средени, гумици на вентили и обелена, немало потреба од порамнување.
Како што веќе спомнав лагери и карики се земени, сега барам да ги нарачам дихтунзи, семеринзи, гумици итн.