Здраво дечки, нов сум на форумов, некои веќе ме знаат другите ќе ме упознаете.
Во кратки црти пуста желба од детството ми беше Голф 2 ГТИ, сега конечно кога сам си го вадам лебот и заштедив некоја пара станав сопственик на посакуваното ГТИ.
Карактеристики:
- Голф МК2 ГТИ 16 вентилски КР мотор 139кс произведен 1987 година
- Monza Blue прва фабричка боја уште (стојат фабричките стикери)
- Фабричкиот мотор уште си е у колата и работи ко саат
- Не е крпено до сега само фарбан е на флека задниот лев венец (некој се исчешал некаде)
- Има А-тестиран плин (иде напоље, греота е на плин да се вози)
Планови:
- Пескарење на шасијата, подкрила, кошот, подот, венци и слично да се покаже колку работа има
- Да се среди каросеријата
- Vogtland штел амортизери нови
- 15" бандажи најверојатно со 195-45 гуми
- Шепи од Голф 3 ГТИ со 256мм дискови (ако не грешам за големината на дисковите)
- Врати од последните модели на МК2 ГТИ без лептир
- ГТИ лајсни на вратите и полумесеци + широки браници од G60 (тие ги барам, ако ги има некој нека крева рака ќе пратам слики кои точно ги сакам)
- Седишта од Голф 3 GTI-Edition
- Нови фарови, штопови, магленки и друга светлосна сигнализација
- Шасијата ќе се кобитира плус ќе се заштити со восок (има да го наследат деца, внуци море и правнуци)
Накратко тоа е тоа, како што ќе иде реставрацијата, во зависност од ситуации, проблеми или идеи ќе има мали корекции, ќе ми требаат доста совети, @darko MK5 и @dark MK1 gti веќе дадоа доста информации и сум им благодарен.
Денот кога го купив, чека технички преглед за да добијам пробни табли.



Секако самото купување и прво возење си создаде анегдота која ќе се раскажува, но морав одприлика 240 километри да го возам со задно десно тркало на 2 штрафа и без кочници.
Се надевам ќе ја пратите темата како што ќе се обновува со нови слики и содржина, од оние што станале веќе маченици ќе ми требаат доста совети но ме иритираат коментари од типот зошто ова вака си го направил другачие повеќе ќе го личи и слично, јас си плаќам јас си правам како мене ми се допаѓа.
Па нек нам је са сречом.
