Автор Тема: VW Golf MK2 GTI 16V  (Прочитано 131113 пати)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #120 на: 30 Август 2017, 12:34:17 pm »
Олку играње на клиповите не ќе да е од кариките,измерете го убаво цилиднерот и клиповите,јас би идел на замена на клипови во специјала.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #121 на: 30 Август 2017, 12:45:28 pm »
Планирам да ги заменам хилзните така да не ме плаши толку играњето.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #122 на: 30 Август 2017, 15:57:16 pm »
Вака "експертски" од пред компјутер може само да лупетаме дека има луфта повеќе одколку што треба. Најпаметно, блокот и клиповите кај специјалиста (екштајн), ќе побараат у тоа книгите и ќе кажат колку е истрошен блокот, и дали ги бива клиповите. Можно е да поминеш само со хонување на блок и нови каричиња :) Не заборавај и другите делови да ги носиш на мерење (радилица и клипњачи), те. не донесувај одлуки на лепе очи. Однеси 2 радилици и 8 клипњачи, нека премерат па склапај еден саглам.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #123 на: 30 Август 2017, 20:46:15 pm »
Точно така,значи реков и ја,најубаво да се премери и цилиднерот и клипот и да се видат толеранциите.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #124 на: 12 Септември 2017, 19:22:43 pm »
Се работеше малку у гаража, се извадија уште едно купче ствари останати на шасијата пред да почне да се работи на неа.

Остана на тркала но се разгледува еден план, па можно е да бидат симнати трапот и траверзната.









Изваден е и сончевиот кров.



И корпус деликти, некогаш и некаде вака била поправана вратата од багажникот. Ако на некој му фали дихт гума и спортска педала еве ги:



Се продолжува со работа на шасијата, двата мотора се растурени и ќе бидат комбинирани во еден комплетно нов мотор со заменети хилзни, клипњачи, карики, уљена пумпа, дихтунзи, гумици на вентили, порамнето стокмено и склопено.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #125 на: 15 Септември 2017, 18:36:59 pm »
Продолжив со работа денес, се симнуваа до 0 вратите и крилата, шасијата е утре на ред. Од пескарењето не бидна ништо, ја продале машината, така да денес рацете ми знаат  ;D









Крилата си се добри, немаат скапано, нема зарѓано, на една од вратите имаше кит малку оти некој претходно набрзина ги правел. И едните и другите имаа 2 слоја боја, па морав по 3 раце paint remover да ставам.

Во план е да се симнат трапот и траверзната утре и после умри машки  ;D

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #126 на: 18 Септември 2017, 10:15:25 am »
DEMOL? :)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #127 на: 18 Септември 2017, 14:28:15 pm »
Да, ама ова од Боди беше, неможев да најдам друго низ СР и мн е слабо. Раце ми паднаа.

Отсутен DzOle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #128 на: 18 Септември 2017, 18:57:50 pm »
Не сум сретнал друга марка демол  но боди  демол е доста јак со 2 3 раце ќе падне се ставај подебел слој па со шпакла пластична исчисти па пак демол и да остане малце од бојата полесно се струга после со кружна до метал со лесно со демолот многу пече 😁


Noo New Model Cars...I'm Riding Old SchoOl !!!

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #129 на: 24 Септември 2017, 00:34:31 am »
Следен апдејт, се работеше неделава, ја симнав шасијата на нула со paint remover и шпакла за да не го прегревам плехот со челична четка и брусалица.





И кошот очистен целосно.



Се набавија нова хауба и десна врата.







Продолжив со чистење на каросеријата од надвор како што кажав.













Е сега, кога ја симнавме до гол метал решивме со мајсторот да монтираме се на неа да видиме дали лежи се како што треба, да не има некои проблеми со линиите па да треба да се обработи.









У глобала имаше малку пцуење и потење околу десната врата зошто не лежи линијата од преминот од крило према врата за на крај да сватиме дека не ни е стегнато крилото напред па дојде се во ред.

Следно морам предниот дифузер да го вратам за Струмица (ми стои у гаража у Скопје), заедно со плехот долу што оди од крило до крило да се стегне цела предница шисто да ни е мирна главата.

Вака сега смната на нула нема да стои, ќе оди во епоксиден прајмер па ќе се дотера до фарбање.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #130 на: 30 Октомври 2017, 12:58:39 pm »
И со нови вести се враќаме по изборите  ;D ;D ;D ;D ;D

Блокот е однесен во Момин Поток, утре треба да биде готов. Инаку се решив за KR блокот со PL глава, каде брегастите исто ќе бидат од KR заедно со издувната грана, но ќе има катализатор за да работи KE-Јетот. У кратки црти пак ќе биде 139кс, а не 129кс како што е PL-от.

Е сега, мајсторот за блокот реше дека е потрошен и е оставен на хилзнување. Радилицата е супер и нема потреба од полирање или балансирање, клипови и клипњачи исто ќе се корегираат ако има потреба. Ќе се земат стандард карики што значи моторот ќе се врати на фабрички вредности и 0км.

Мајстор Тоше позади НБ е задолжен за главата, според него главата е добра и вентилите исто. Ќе се променат гумици на вентили, ќе се средат вентилите да лежат убаво и ќе се симне ептен мал слој од главата колку да светне.

После тоа следи нарачка на делови за моторот и да се склопува полека.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #131 на: 30 Октомври 2017, 15:33:52 pm »
Тоше си е Тоше ама да сметаш и на Баже и Раде во некоја наредна прилика  ;)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #132 на: 30 Октомври 2017, 15:46:23 pm »
@S16-HGT само ако сакаат да ми се нафатат да шират канали и да ја исполираат плус главата  :D. Имам два мотора и сакам еден да биде спремен со зголемени перформанси.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #133 на: 31 Октомври 2017, 21:13:48 pm »
А зашто не одеше на бушење со нови клипови,гаранција за хилзните ти даваат ли дечкиве шо ти ги работат?

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #134 на: 01 Ноември 2017, 09:53:10 am »
А зашто не одеше на бушење со нови клипови,гаранција за хилзните ти даваат ли дечкиве шо ти ги работат?
Хилзните обично ги наплаќаат по 800ден, те. 50че за комплет + рамнење... негде околу 4000ден. Нови клипови која цена се?