Едно мало освежување и на мојата тема, доста се работи на голфот на @Lhasa Green, но ете измеѓу другото денес си се подновив со доста ретки и оригинални Hella магленки за Голф 2.

Шасијата е во гаража, чека да се офарба кецот па да се започне со работа.
Во меѓувреме после доста думање ме разубедија да одам на опција ABF мотор од Голф 3 ГТИ 2.0 16V од проста причина што полесно ќе поминам отколку да најдам некој да го наштелува K-Jetronik-от од двојката.
Со 268ца брегасти, спортски шајбни и промена на мапата на ABF-от може да се дојде до некои 197кс, што на тежината на таа шасија е одличен сооднос. Не би идел на 288 брегасти бидејќи веќе ептен ќе биде во категорија на тркачки мотор и на ниски обртаи ќе работи како да сака да угаси. Не ми е целта да правам тркачки автомобил.