Ајде да ве освежам малку со нови информации до каде е проектот, се работеше, не стои во место само не бев активен на форум многу.
Една слика од двата голфа, сега и кецот се работи паралелно


После месец и половина барање соодветна гаража ова е резултатот:


Се растури ентериерот и се е надвор.


Почна да се растура и од надвор, бранци, челен лим, преден држач на мотор со потпората, светла, штопови, врати, крила, хауба, стакла комплет. Буквално се се извадено освен инсталацијата која треба да се заврши во наредните денови.


Дарио бележи инсталацијата

Купено е Момо спортско воланче, можно е уште едно да се набави кога ќе почне да се склопува, ова што го имам засега отиде кај Славче Христов на репарација да биде сошиено со нова кожа и конец во боја на колата.

Во меѓувреме еден голем шопинг (кој вели дека Голф 4 нема голем багажен простор):

Набавени се врати од новиот тип, резерва фабрички тонирани ГТИ стакла, ретровизори, потопна и притисочна бензинска пумпа со комплет црева, тапацири, нов челен лим, нов лим напред под браник што оди од едното до другото крило, пластични ГТИ прагови, ГТИ венци, пластики околу инструмент таблата.. и уште еден тон други работи.





Пред некое време успеав да најдам KW Variant 3 спортски амортизери и Hella ГТИ штопови.


Среќа што уште не сум оженет инаку ќе ме избркаа од дома кога ќе видеа есапот

Се симна и резервоарот, плинот е изваден (кој му треба плин инсталација нека ме пинга), останува да го симнам моторот и инсталацијата и ауспухот, па колата е спремна за пескарење и крпење.
Кога ќе дојде редот за крпење сакам да најдам мајстор кој работи на стар начин со топење калај каде што е варено.