Да ја освежиме темата. Долгата и студена зима помина, време е за будење од сон.
Не дека не се работеше додека бевме под снег и лед, ама немаше нешто да се каже. Воглавно бев решен да најдам Голф 3 ГТИ со АБФ мотор 2.0 155кс во возна состојба на странски табли, па да префрлам комплет инсталација, мотор и пумпи на двојката. Не ме фати посебно некое возило за око, па решив да си ја послушам интуицијата после една дискусија и да одам со КР моторот.
Постојат неколку причини и факти позади одлуката да одам со оригиналниот мотор. Прво да најдам здрав АБФ што е на кола и работи добро се покажа како тешка задача во последните месец дена (има, не дека нема ама не во рамки на буџетот). Второ, и да најдев АБФ мотор по мој вкус и стандарди ќе фрлев пак пари за да се среди, па потоа пари за атест... ѓавол и половина. Трето, си го знам мојот мотор, знам како работи... ќе го наштелувам да работи на бензин со помалку вложување.
Инаку вчера успеав да набавам нова АТЕ вакум пумпа за Голф 2, денес покасно ќе објавам слики.
П.С за тие што се нестрпливи до каде е шасијата... наскоро ќе почне со процес на припрема и средување пред фарбање