Естетски е ок пошироко позади на кола со преден погон. Функционално сигурно за кола со заден погон би било ОК, пред се, бидејќи кола со преден и заден погон различно се однесуваат во кривини.

Лично, најубаво ми е за кола со преден погон, сите тркала да се иста димензија.
Сепак, тоа е моето лаичко размислување.
Можеби не е на место споредбата, се спомнаа дистанцери и сл. па да си кажам мое искуство:
Фабрички, Кампусот носи 145/70-13 на бандажи од 4,5 инчи широки со офсет 36.
Летниот сетап моментално на колата е 155/65-13 на бандажи од 5,5 инчи и офсет 33.
Во конечница, на тој начин добивам газна површина 1 цм поширока по гума, но и поширок траг за некои 2,8 цм на тркало, односно вкупно 5,6 цм од трап.
Помалиот офсет ми дава 3 мм, додека ширината на бандажот ми дава еден инч, односно 2,5 цм.
Одев по логиката дека поширок бандаж со ист или приближен офсет, ќе оди понадвор само заради ширината која е поголема од фабричкиот, додека офсетот си е офсет, тука нема што да се менува.
На тој начин, добив малце поисфрелени тркала кон надвор, висина 2 мм помала од фабричката.