Автор Тема: VW Golf MK2 GTI 16V  (Прочитано 141059 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #225 на: 24 Јануари 2018, 15:22:18 pm »
Удри бриго на весеље... т.е. на работа.

Мал апдејт на она што е ново од последен пат, генерално се работеше на моторот, се чистеа периферните делови и се местеа стварите по него да се види дали нешто фали, што треба да се промени и слично.

Се чистеа држачи за алтернатор, клима и серво пумпа. Во процедура влегоа и алтернаторот, компресорот од климата и серво пумпата исто така.













Како што спомнав, се склопи пробно да видиме дали се  е во ред:







Следно во план е сите метални држачи да се однесат на хромирање, додека алуминиумските да се исполираат (па ќе одлучам дали алуминиумот ќе остане полиран или ќе се фарба за заштита).

Набавен е и сет ребраст каиш и затегачи, заедно со нова пумпа и куќиште за водна пумпа оти на старото се скинаа штрафовите и ново кулерче за маслото.







И гледајќи ги сликите ми текна дека заборавив да купам термостат  :-[

П.С. додека се работи на двојката ова е моето ново возило:



Голф 3 ВР6 со 2.8 мотор, произведен 1995 година. Она што ми е најмногу мерак е дека стои гарантниот лист кога е купен од Салон во Швајцарија, стои прирачникот за колата нов не пипнат и целата сервисна историја. Бонус, во багажник го најдов оригиналниот алат со колата  8)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4222
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #226 на: 24 Јануари 2018, 15:28:04 pm »
Plin koga na VR6? :D bravo care!

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #227 на: 24 Јануари 2018, 15:53:28 pm »

Следно во план е сите метални држачи да се однесат на хромирање

Би те замолил за контакт за хромирање - особено ако имаат искуство со помали делови.

(па ќе одлучам дали алуминиумот ќе остане полиран или ќе се фарба за заштита).

А зошто да се фарба алуминиумот кога може да се елоксира? Изгледа поубаво, реално е потрајно, и плус може да се елоксира во различни бои.

Голф 3 ВР6 со 2.8 мотор, произведен 1995 година.

Ајдееееее.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #228 на: 24 Јануари 2018, 15:56:34 pm »
Plin koga na VR6? :D bravo care!

Каков плин црни Мармладе :D


Следно во план е сите метални држачи да се однесат на хромирање

Би те замолил за контакт за хромирање - особено ако имаат искуство со помали делови.

(па ќе одлучам дали алуминиумот ќе остане полиран или ќе се фарба за заштита).

А зошто да се фарба алуминиумот кога може да се елоксира? Изгледа поубаво, реално е потрајно, и плус може да се елоксира во различни бои.

Голф 3 ВР6 со 2.8 мотор, произведен 1995 година.

Ајдееееее.

Треба да имаат искуство и со мали делчиња но почекај да видам како ќе сум задоволен и јас со работата и резултатот.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #229 на: 24 Јануари 2018, 16:08:34 pm »
Треба да имаат искуство и со мали делчиња но почекај да видам како ќе сум задоволен и јас со работата и резултатот.

Во основа, ми треба финиш кој е матиран, а не сјаен. Мислам дека може да запрат на фазата никлирање (ако одат на процес (1) побакрување, (2) пониклување па (3) хромирање) - па би бил многу благодарен ако можеш да ги консултираш кога ќе ги преземаш деловите.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #230 на: 24 Јануари 2018, 18:19:06 pm »
@InSides тогаш ти треба некој што работи со поцинкување ако добро те разбирам, има друг човек за тоа ако сакаш ќе ти дадам контакт.

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #231 на: 24 Јануари 2018, 22:56:14 pm »
Ги глеам сликиве и ми иде да отворам некој огласник и да и акнам 6 цилиндри мотор со 35 турбини на мојата ама па многу ќе ми троши :-D . Браво!
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #232 на: 25 Јануари 2018, 10:42:32 am »
@InSides тогаш ти треба некој што работи со поцинкување ако добро те разбирам, има друг човек за тоа ако сакаш ќе ти дадам контакт.

Супер, праќај, ќе барам. Оваков финиш ми треба:


Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #233 на: 25 Јануари 2018, 11:54:00 am »
тој финиш ти е цинкување, но цинкот како цинк со тек на време потемнува и знае да фати површинска оксидација, цинкувањето е многу ефтино  не би коштало повеке од 100 ден да се исцинкува капаче како твоето погоре.
Хромирањето е друга постапка процес
1.дехромирање
2.измазнување и полирање
4. процес на хемиско чистење
5.побакрување
6.повторно хемиско чистење
7.покривање со никел
8.финишно поминување со хром
Кај хромирањето многу е битна чистотата и да нема корозија.....
Многу пати имам носено на хромирање низ Скопје некој пат со нивно чистење пред процес хромирање некој пат со мое чистење, подобро се покажале работите кој сам сум ги чистел пред хромирање, некогаш некој работи ќе излегле перфект додека следен пат на истото место исти работи ќе излезат во полоша состојба.....
Некогаш самиот хром е почист и поубав додека некогаш е за нигде реално немаме професионалци за хромирање бар сега за сега.
Нај задоволен бев од Металски завод пред 6 години работи што ми хромирааа се во одлична состојба како денес правени но повеке не работат со хромирање .....

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #234 на: 25 Јануари 2018, 11:55:01 am »
Ваков финиш на метал се постигнува во туш кабина во Скопје.
Изложување 1 до 2 недели.

:)

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #235 на: 25 Јануари 2018, 13:08:46 pm »
тој финиш ти е цинкување, но цинкот како цинк со тек на време потемнува и знае да фати површинска оксидација, цинкувањето е многу ефтино  не би коштало повеке од 100 ден да се исцинкува капаче како твоето погоре.
Хромирањето е друга постапка процес
1.дехромирање
2.измазнување и полирање
4. процес на хемиско чистење
5.побакрување
6.повторно хемиско чистење
7.покривање со никел
8.финишно поминување со хром
Кај хромирањето многу е битна чистотата и да нема корозија.....
Многу пати имам носено на хромирање низ Скопје некој пат со нивно чистење пред процес хромирање некој пат со мое чистење, подобро се покажале работите кој сам сум ги чистел пред хромирање, некогаш некој работи ќе излегле перфект додека следен пат на истото место исти работи ќе излезат во полоша состојба.....
Некогаш самиот хром е почист и поубав додека некогаш е за нигде реално немаме професионалци за хромирање бар сега за сега.
Нај задоволен бев од Металски завод пред 6 години работи што ми хромирааа се во одлична состојба како денес правени но повеке не работат со хромирање .....

Се сложувам со сето тоа. Целиот овој процес се изведува и во Брако во Велес, каде веќе имам прилично задоволителни резултати.

Она што не ми се допаѓа е следното:

1. Финишот ми е премногу сјаен за мои потреби - затоа би сакал да запрат на чекорот #7 од погоре, со што ќе се добие матиран финиш.
2. Експертизата им е за големи делови - немаат галантерија за ситни делови, односно немаат време/интерес да се фокусираат на такво нешто.
3. Крајно, хромирањето на навои не им е баш експертиза:



Затоа барав добри финишери со искуство со мали делови. Особено некој кој ќе се нафати со никлирање на бронза, да речеме - што во Брако не сакаат да го пробаат.

@GTI16V, прости за труење на темата - скокнав во муабетот дека информации од овој тип се многу важни - можеби можеме оваквите информации да ги сместиме на друго место.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #236 на: 25 Јануари 2018, 14:02:54 pm »
@InSides не се секирај, еве класниот може да ни отвори тема за вакви прашања и да ги премести постовите. Класен @zeroSignal ?

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #237 на: 02 Мај 2018, 00:18:27 am »
Дур се нервирам што ептен се одложува фарбањето (не сум јас крив за тоа), се наоѓаат уште делови.

Последно на листа се Griling 60 предни шепи за кочење со два клипа на шепа од Audi S2, најдени и донесени од Германија благодарение на @darko mk5.







Ќе се возат со 280мм дискови напред, да не зборам дека значително ќе се подобрат перформансите на запирање на колата земено во обзир дека шасијата од двојката е полесна од таа на Аудито.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #238 на: 02 Мај 2018, 09:53:06 am »
Da staime 320ki, kje si zalici :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #239 на: 02 Мај 2018, 11:52:20 am »
Па после да барам 1.8Т од Audi S3?!!! Не не добро ми е и со 280мм за да не си правам дополнителни трошоци  ;D ;D ;D ;D