Продолжен викенд, слободно време да се работи на колата.
Шасијата се преструга цела од надвор пред да се стави епоксиден прајмер, утре ќе се кобитира од долу и останува некои 5-6 места да се стави малку кит каде што се пеглаа нерамнини.
Исто така ја затворив кровната антена и отворот за антена на крило (јбг си сакам чисто да е, убава линија).
Бонус: Слика од мајсторот (дет ис ми) да не кажете оти не работи

Ајмо за редом, се доструга некоја заштита долу што беше прскана и не е фабричка. Се лупеше како лушпи.

Па се припреми грлото за резерварот, болна точка на сите двојки.

Треба да се пробуши само дупче за штрафење.

Се префрливме на десниот рог напред кај што се штрафи предниот браник.

Излезе оваа скапаница:

Па се завари убав дебел плех.

Е ова сум јас... демек работам



Се нанесе епоксидниот прајмер.




Се изработија и крилата, се престругаа исто како шасијата, се направија ситни корекции каде имаше потреба.


И тоа би било тоа, повеќе новости утре кога ќе се нанесува кобит. Останете на нашиот канал и се читаме утре
