Нов апдејт, на добра патека е колата следен викенд е закажана комора и вапцање.
Да започнам со проблемите, ако ја пратите темата од почеток знаете дека купив нова хауба и десна врата од одредено место, бидејќи беа коректни а подоцна во проектов ми затреба врата за багажник и лева врата решив од исто место да купам. Вториот пат услугата катастрофа, грешка врата беше пратена па се договоривме да ја пратам назад по карго со замена да ја пратат таа што треба. Се ќе беше во ред доколку не загубев 2 недели да ме лажат дека ја пратиле па не ја пратиле па била за Џета, па не била Десна била Лева (а мене лева ми треба) па не била Лева туку Десна... еден куп лаги и не сакаат да ги пратат парите назад, па наместо сумата колку што чини вратат сега наводно помала сума ќе ми пратат. Ќе дознаете наскоро за кого станува збор.
На крај, наместо врата од 140 евра земав од 750 денари и на толку мака што видов со дотичните доставувачи на делови имав среќа вратата заборавена мн години во еден хангар, здрава не китирана и не е скапана.
Што е побитно легна на прва за разлика од новата која бараше масажа.

Валкана е да, ама морав да ја пробам.
Следно се затвараа варови, простор помеѓу два плеха со дихт гума за да не држи влага измеѓу па да гние.





Колата е конечно во филер, некаде до Среда ќе биде офарбана внатре. Се одлучив за една комбинација од PPG боја и BSAF лак.



