Не е донесена, напротив....имам некои други муки периодов, се надевам дека брзо ќе ги решам...
...и не сум нервозен, имав некоја чашка поише фрлено, па ме ч'чнавте со „хе-хе“ и „аутобан“ муабетите. Знам дека не е VR6 или GTI, не сум ауто-експерт, ама не сум ни до толку телац. Во секој случај нерационално е да се збори за некакви спортски карактеристики на ваков модел, па ако тоа му се земе како мана е смешно.
Инаку мулти-линк суспензија кај Голф иде на моделот со 140кс, што не е ни блиску до оваа варијанта. За таа сила на моторот не знам и дали воопшто се осеќа на стабилност? Може грешам...
Поголема мистерија во секој случај ми е моделот на Пежо, кој што и многу не го гледам да се вози по Скопјево, а еве и овде нема некој голем одзив, па затоа испаѓа дека пристрасно се збори само за голфот (или се хејта, зависи како гледаш).