Автор Тема: Помош при избор  (Прочитано 30419 пати)

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Помош при избор
« на: 04 Јануари 2016, 22:16:28 pm »
Дечки здраво!

Прв пост на форумов (и тема - ако има општа тема за вакви споредби, ве молам префрлете ја). После подолга опсервација на пазаров и усогласување и со некои фамилијарни барања, дојдов до овие два модели за кои сакам да прочитам уште некое мислење на форумов. Посебно ценам мислење од членови што возат или возеле (некој период барем) некоја од овие две марки. Генерално сум љубител на германски возила, ама ете прочитав и добри зборови за Peugeot и така дојдов до оваа дилема. Цената и на едниот и на другиот модел е околу 15к и е плафон (поточно плафон на плафоните), така да совети од типот „имаш Јети за 17000 или две половни BMW-a“ не ми се многу од корист. Поминувам релативно мали километражи годишно меѓу 5-10000км, така да и дизел не ми е баш исплатлив. Разгледував и во Toyota, меѓутоа како што и читам на форумов и мене ми е несфатлив ужасниот дизајн, посебно изразен кај актуелниот Auris и кај Opel, меѓутоа прилично лоши искуства слушнав за потрошувачката и се откажав и од тоа. Ме интересира што мислите:

Peugeot New 308 Fun 1.2 MPI

Техничка спецификација :
● Мотор Бензин
● Работна зафатнина на моторот (cm3) 1199
● Максимална моќност (kw / KC) 81 / 110
● Менувач: 5 степен мануелен
● Вртежен момент (Nm) при врт./мин 205 / 1500
● Максимална брзина (km/h) 188
● Забрзување od 0 do 100 (km/h) во секунди 11.1
● Потрошувачка:град/отворен пат/ просечна (L) 5.8 / 3.9 / 4.6
● Емисија на CO2
● ЕУРО стандард: EURO 6

Стандардна опрема на возилото :
● ABS систем на кочење+ EBD( Електронска распределба на силата на сопирање)
● ЕСП Електронска комнтрла на стабилност
● Екран на допир 9,7 со Bluethoot+USB порта
● Кожен волан
● Рачки и ретровизори во боја на каросеријата
● Мануелен клима уред
● Прогресивен серво управувач
● Воздушно перниче за возач и совозач
● Странични воздушни перничиња
● Странични воздушни завеси
● Цeнтрална брава со далечинско
● Борд компјутер
● Регулатор на брзина - Темпомат
● Делива задна клупа 1/3 - 2/3
● Електрика на ретровизори со греење
● Подесување на возачко и совозачко седиште по висина
● Задна клупа со три наслони за глава
● Прилагодување на управувачот по висина и длабочина
● Затемнети стакла
● Мерач на вртежи
● Радио
● Тонирани стакла
● Дневни лед светла
● Електрика на предни стакла и на задни стакла
● Металик боја


VW Golf 1.2 TSI BMT 85 Trendline


опрема - http://www.volkswagen.com.mk/modeli/noviot_golf/standardna_oprema/867_trendline

Во моменталната понуда за Голф, се вклучени 4 алуминиумски и 4 челични бандажи, додека 308-цата иде со еден сет алуминумски бандажи.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Помош при избор
« Одговори #1 на: 04 Јануари 2016, 22:32:44 pm »
Би ја ѕирнал новата Астра. Не знам што му фали на дизајнот?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Помош при избор
« Одговори #2 на: 04 Јануари 2016, 22:43:29 pm »
Види клио дци 90 гледам околу 15.000 се ..





Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Помош при избор
« Одговори #3 на: 04 Јануари 2016, 22:44:28 pm »
Дечки здраво!

Прв пост на форумов (и тема - ако има општа тема за вакви споредби, ве молам префрлете ја). После подолга опсервација на пазаров и усогласување и со некои фамилијарни барања, дојдов до овие два модели за кои сакам да прочитам уште некое мислење на форумов. Посебно ценам мислење од членови што возат или возеле (некој период барем) некоја од овие две марки. Генерално сум љубител на германски возила, ама ете прочитав и добри зборови за Peugeot и така дојдов до оваа дилема. Цената и на едниот и на другиот модел е околу 15к и е плафон (поточно плафон на плафоните), така да совети од типот „имаш Јети за 17000 или две половни BMW-a“ не ми се многу од корист. Поминувам релативно мали километражи годишно меѓу 5-10000км, така да и дизел не ми е баш исплатлив. Разгледував и во Toyota, меѓутоа како што и читам на форумов и мене ми е несфатлив ужасниот дизајн, посебно изразен кај актуелниот Auris и кај Opel, меѓутоа прилично лоши искуства слушнав за потрошувачката и се откажав и од тоа. Ме интересира што мислите:


VW Golf 1.2 TSI BMT 85 Trendline


опрема - http://www.volkswagen.com.mk/modeli/noviot_golf/standardna_oprema/867_trendline

Во моменталната понуда за Голф, се вклучени 4 алуминиумски и 4 челични бандажи, додека 308-цата иде со еден сет алуминумски бандажи.


Јас го имам истиот голф веќе година ипол. Купен од Порше. Основна верзија или го викаат уште и социјален голф. Пошто ти веќе си се одлучил за еден од овие два модела јас ти го препорачувам Голфот. За него можам да ти кажам што те интересира, за Пежото не сум компетентен.

Кажи ми што поточно те интересира ќе ти кажам, да не го тупам за нешто без врска.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Помош при избор
« Одговори #4 на: 04 Јануари 2016, 23:07:11 pm »
Би ја ѕирнал новата Астра. Не знам што му фали на дизајнот?
Тоа со дизајнот се однесува на Аурис, немам никаков проблем со дизајнот на Астра. Сепак, нов модел е и основниот модел е од 14700 со многу пооскудна опрема од горенаведениве.


Јас го имам истиот голф веќе година ипол. Купен од Порше. Основна верзија или го викаат уште и социјален голф. Пошто ти веќе си се одлучил за еден од овие два модела јас ти го препорачувам Голфот. За него можам да ти кажам што те интересира, за Пежото не сум компетентен.

Кажи ми што поточно те интересира ќе ти кажам, да не го тупам за нешто без врска.
Основни возачки искуства, евентуално нешто што мислиш дека е негативно при експлоатација. Секако потрошувачка дека ме интересира, сервиси исл. Исто така, еластичност, како повлекува на поголеми брзини, затоа што е релативно мал мотор, веројатно оптимизиран да трае повеќе и да троши помалку.

Види клио дци 90 гледам околу 15.000 се ..
Сепак се работи за разлика во класи...димензии...
И да признаам, го гледав и имам впечаток дека квалитетот на кабината и целата каросерија (спојки, варови) е ниво поназад од Пежо, за VW да не ни зборам...

« Последно менување: 04 Јануари 2016, 23:13:34 pm Dave »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Помош при избор
« Одговори #5 на: 05 Јануари 2016, 07:01:08 am »
Кај го најде моторот на пежото, ја не успеав да најдам мотор со таква спецификација ..

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Помош при избор
« Одговори #6 на: 05 Јануари 2016, 07:43:48 am »
3 цилиндричен 1.2 THP со 110hp

http://www.peugeot.co.uk/puretech/

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Помош при избор
« Одговори #7 на: 05 Јануари 2016, 07:50:40 am »
Кај го најде моторот на пежото, ја не успеав да најдам мотор со таква спецификација ..
Требаше да напишам - од импортерот. Еуро 6 мотор, кој ќе се вградува од 2016 година. Затоа и цената е отприлика 1к повисока.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Помош при избор
« Одговори #8 на: 05 Јануари 2016, 08:43:28 am »
И јас кога ги гледав колите ги гледав истите модели како што си ги гледал и ти.
Штом си се одлучил за ХЕЧ, и конкретно двата модели, ајде збор два кој беа моите видувања.

1. Пежото.
Пежото по мене од сите хечови кои ги видов ми изгледаше најквалитетно направено. Материјали, удобност на седење, затварање на вратите, изглед на инструментите, како концепт одлично возило.
Она што ме одврати од негово купување беше никаквиот простор назад, односно кога ми е наместено седиштето за да возам, позади освен 8 годишно дете не може да седне човек.
Следна негативна работа беше тоа што кога ке го подесам воланот не ги гледам инструментите, односно воланот ми ги покрива. Незнам кој им бил планот на дизајнерите, но мене ми стави само еден Х со кој го отфрлив како потенцијално возило за понатамошна одлука.

Инаку не гледав основен мотор, него класика со 4 цилиндри. Трицилиндричен мотор мене искрено ме нервира со неговата работа.

Претходно возев пежо 306 кое имаше повеќе простор за седење, инструментите се гледаа без проблем, па чисто за споредба.

2. Голф.
Ако планираш голфот да го продаваш после некое време, дефинитивно се исплати. Мене не ми се допаѓаше дел од решенијата кои ги имаат и изработката за моделот кој го нудеа. Ентериерот ми е дежаву, ист со мали измени како претходните модели и нешто многу не ме фрапира, но тоа е вкус, а за вкусови не се дискутира. Претпоставувам тоа е онаа најефтината варијанта која се продава.
Личен вкус, но искрено и него го рипнав.

Други возила кои ги гледав во тој сегмент беа: Цитроен Ц4, кој навистина позитивно ме изненади, поефтин е од Пежо а возат исти мотори, нуди поголем конфор на задните седишта, поголем багажен простор, а во поглед на изработка во споредба со Пежото е за нијанса послаб.
Рено Меган стариот модел, но е стар модел. За да ти се допаѓа меганот треба да имаш малку поразличен вкус. Убав е не е лош, можеш да најдеш за 15 со доста опрема, набилдан, заради тоа што излезе новиот, нели.
Хјундаи како опција мене ми беше последна, но на крајот испадна прва.
Имено гледав и30, одличен хеч, модерен изглед, различен од класичниот и досаден кај голф или опел, за на крајот да земам Елантра заради намалувањето на првичната цена и опремата која ја добив, и нормално заради изгледот кој од сите највеќе ми се допадна.

Опел го отфрли но и него ке го спомнам. Не е лош, стегнат но многу бучен на автопат. Звучната изолација како да ја имаа заборавено. Стабилен но тврд. Место за седење на граница на прифатливост. Цената беше малку повисока за основен модел него што навистина вреди еден стар модел.

Киа Сид, одлично ауто, добиваш релативно доста за парите. Одличен дизајн.


едит:

Не заборавај да ја погледнеш и гаранцијата која ти ја нудат за возилото!
Европските возила имаат година, две, три, тојота има 5, Хјундаи има 5, Киа има 7.

Со среќа во изборот.
И гледај изборот на возило тебе да те направи хепи, а не тие околу тебе.
Они нема да ја возат колата, ти ке ја возиш :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #9 на: 05 Јануари 2016, 09:17:20 am »
Голфот ти е супер. А исто јас би земал Форд Фокус по можност на некоја акција. Дизелот е сега добар и ефтин на акција. Ама веројатно треба да се праша и за екобустот како ќе дојде. Тоа е феноменален мотор.

Понатаму исто фантастична опција е Шкода Рапид. 1.2 бензинецот без турбо ако го најдеш е со ревидиран менувач и не е како старите. Добар е и за на автопат со тоа што во 5та брзина на 120 си околу 3000 обртаи. Исто е особено погоден за плин. 1.2 тси е океј мотор исто. Колата има озбилно многу место и добар багажник. А ако преферираш без гепек види го спортбекот. За 15000 оди на 1.2 тси моторот со највисоко ниво на опрема Стајл, доплати за динамик ентериер, доплати за ксенон и доплати за затемнети стакла и металик темно сива боја. Ќе дојде каталошка 15000 и згора на тоа попуст ќе добиеш. Прашај одма за спортски спирали за да се добие поубав изглед кои се 15мм пониски доплата е околу 150еур. Комплет така ќе добиеш кола ипол. Јас би отишол и на доплата за гаранција уште две години ако сметаш дека треба и мирен си. Сериозно добро аутце е и Фокусот и Рапидот. :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Помош при избор
« Одговори #10 на: 05 Јануари 2016, 09:54:01 am »
Дени, сериозен си со споредбата на кантата (така да ја наречам) рапид со 308-ца????

Не дека е толку лош рапидот, ама споредувај ги со класи подоле...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Помош при избор
« Одговори #11 на: 05 Јануари 2016, 10:13:05 am »
308 1.6 HDI, е многу добра кола, со многу малку недостатоци. Се зема за 14.500 мислам. Мааните се ситници кои не се вредни за спомнување, според мене ова моментално е најдобрата кола на пазарот. Ако сакаш голф дизел, ќе мора да доплатиш уште 3-4000, па тоа го прави неисплатлив, а воопшто не е подобар, барем не кога и двете се нови возила од салон, пежото е подобро за возење. Многу добра е направена спрегата на мотор менувач и шасија, вирбации и трза нема во кабината, имаш чувство дека си во класа две погоре.

1.2 турбо бензинец избегнувај заради скапите кварови. 1.2 ТСИ што се продаваа изминативе 6 години јадат ланец и турбо за доручек  а нивната замена е многу скапа (до 200.000 денари за двете).  Може да се претпоставува дека и новиве 1.2 тси не се ништо подобри од тој аспект.

1.2 ТСИ е малку тромав до 2000рпм, инаку солиден мотор за возење, се вози како 105кс атмосферец.

Ниеден нов турбо бензинец со директно не подржува плин.

Многу тешко ќе продадеш бензинец голф или 308, подобра варијанта ти е дизел, во секој поглед.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Помош при избор
« Одговори #12 на: 05 Јануари 2016, 10:25:47 am »
Со среќа во изборот.
И гледај изборот на возило тебе да те направи хепи, а не тие околу тебе.
Они нема да ја возат колата, ти ке ја возиш :)

Фала ти, многу конструктивно. Ти сепак си одбрал класа погоре. Генерално истите маани сме ги воочиле, со тоа што за ентериерот на 308, кој може и да е изработен од поефтини материјали делува дека е со многу повеќе љубов сработен од Голфот. Просторот позади е неразумно намален заради багажникот кај Пежо-то и тоа е голем минус.
За понатамошна продажба, без дискусија Пежо е во тотално полоша позиција од Фолксваген, што е реалност дадена сама по себе, прашање колку е оправдана.

Опел е посебна приказна. Одиш со сериозна намера да купиш кола и не можат да ти обезбедат тест-возење - читаш во меѓувреме критики за голема потрошувачка на основниот бензинец од 1,4 и доволно ти е да те одврати од купување.

Гарантните рокови...не е моја идеја, ама мислам дека е блиску до вистината - кореанските и генерално источните производители работат понапорно на стекнување на доверба во Европа и ова е дел од таа „борба“, во меѓувреме сериозно се приближија во дизајнерскиот пристап кон европските коли....ама пак...немам некакви „регионални предрасуди“, верувам дека се квалитетни, ама едноставно не се пронајдов во дизајнот. Посебен респект имам кон јапонските производители, ама посебно сум од нив разочаран, најмногу Тојота и Хонда, кои во крајност ги однесоа колите од оваа класа. Мазда не ја коментирам затоа што цената ми е над можностите...

308 1.6 HDI, е многу добра кола, со многу малку недостатоци. Се зема за 14.500 мислам. Мааните се ситници кои не се вредни за спомнување, според мене ова моментално е најдобрата кола на пазарот. Ако сакаш голф дизел, ќе мора да доплатиш уште 3-4000, па тоа го прави неисплатлив, а воопшто не е подобар, барем не кога и двете се нови возила од салон, пежото е подобро за возење. Многу добра е направена спрегата на мотор менувач и шасија, вирбации и трза нема во кабината, имаш чувство дека си во класа две погоре.
1.2 турбо бензинец избегнувај заради скапите кварови. 1.2 ТСИ што се продаваа изминативе 6 години јадат ланец и турбо за доручек  а нивната замена е многу скапа (до 200.000 денари за двете).  Може да се претпоставува дека и новиве 1.2 тси не се ништо подобри од тој аспект.
1.2 ТСИ е малку тромав до 2000рпм, инаку солиден мотор за возење, се вози како 105кс атмосферец.
Ниеден нов турбо бензинец со директно не подржува плин.
Многу тешко ќе продадеш бензинец голф или 308, подобра варијанта ти е дизел, во секој поглед.
Го возев малку дизелот, фантастична кола, ама цената не ти е точна. Да беше толку воопшто не би се двоумел, меѓу 16 и 17к е. Од каде ти е податоков за расипливоста на турбо бензинците на VW? Се должи на измината километража, начин на возење, лош бензин?

Моментот со продажбата за жал е реалност, ама гледам да не ми е пресудно, затоа што по тој основ во државава само голф дизел се исплати да купиш, a се' друго се фрлени пари.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Одг: Помош при избор
« Одговори #13 на: 05 Јануари 2016, 10:26:25 am »
Дени, сериозен си со споредбата на кантата (така да ја наречам) рапид со 308-ца????

Не дека е толку лош рапидот, ама споредувај ги со класи подоле...
Сериозен сум, да. Исти се Рапид и 308, ако не е и во некои работи подобар Рапидот од 308. Ама ете да не речам подобар ќе речам дека е ист.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Помош при избор
« Одговори #14 на: 05 Јануари 2016, 10:30:30 am »
Го возев малку дизелот, фантастична кола, ама цената не ти е точна. Да беше толку воопшто не би се двоумел, меѓу 16 и 17к е. Од каде ти е податоков за расипливоста на турбо бензинците на VW? Се должи на измината километража, начин на возење, лош бензин?

Моментот со продажбата за жал е реалност, ама гледам да не ми е пресудно, затоа што по тој основ во државава само голф дизел се исплати да купиш, a се' друго се фрлени пари.



Во овластен сервис на VW прашај си, ќе ти кажат тие за расипливоста на 1.2 тси. А може да дознаеш и по форуми.

Имаше акција за 308, мислам дека беше околу 14500 дизел, ама не ме држи за збор.  

Близнакот го немам возено, но е 14.000:
http://www.citroen.com.mk/promotsii/nova-dizel-ponuda/

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need