Автор Тема: Помош при избор  (Прочитано 30474 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Помош при избор
« Одговори #105 на: 19 Јануари 2016, 10:58:57 am »
Место да се секираат за 30те милиони џихадисти што ги прибираат секојдневно они за екологија на издувни водат сметка.  

Едит:
оваа порака треба да се најде во темата за Астрата, каде Џонтра вели Екологија.
« Последно менување: 19 Јануари 2016, 12:00:29 pm LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Помош при избор
« Одговори #106 на: 19 Јануари 2016, 11:48:57 am »
Јас мислам дека одлуката е донесена.
Од двоумење, веќе се знае кој ке биде изборот.
Него создравје да си го тркалаш, и што поскоро да го представиш во гаража.
После тоа чекаме импресии, па некој естетски модификации.
Следно ке биде потрошувачката.
Нормално, ако имаш желба да пишуваш на форумот.

Поздрав и секое добро.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Помош при избор
« Одговори #107 на: 20 Јануари 2016, 16:08:42 pm »
Не е донесена, напротив....имам некои други муки периодов, се надевам дека брзо ќе ги решам...

...и не сум нервозен, имав некоја чашка поише фрлено, па ме ч'чнавте со „хе-хе“ и „аутобан“ муабетите. Знам дека не е VR6 или GTI, не сум ауто-експерт, ама не сум ни до толку телац. Во секој случај нерационално е да се збори за некакви спортски карактеристики на ваков модел, па ако тоа му се земе како мана е смешно.

Инаку мулти-линк суспензија кај Голф иде на моделот со 140кс, што не е ни блиску до оваа варијанта. За таа сила на моторот не знам и дали воопшто се осеќа на стабилност? Може грешам...

Поголема мистерија во секој случај ми е моделот на Пежо, кој што и многу не го гледам да се вози по Скопјево, а еве и овде нема некој голем одзив, па затоа испаѓа дека пристрасно се збори само за голфот (или се хејта, зависи како гледаш).

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Помош при избор
« Одговори #108 на: 20 Јануари 2016, 20:17:08 pm »
Значи мене исто ми беше 308-цата една од првите возила кои ги гледав, меѓу кои и астрата, старата, не најновата.
На 308-цата реков кои работи воопшто не ми се допаднаа. Една од нив беше поставеноста на инструментите, а другата просторот на задната клупа.
Тука и реков догледање.
Од астрата ме одвратија повеќе работи, претходно ги набројав во една друга тема.
Инаку не се сеќавам да не листам наназад, ја разгледа новата С4-ка?
За на крај уствари да сватам дека ми треба седан, пошто мал градски хечбек имам.
За парите кои требаше да ги дадам го земав она што мислам дека во тој момент беше најдобар избор според мене.

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Помош при избор
« Одговори #109 на: 20 Јануари 2016, 21:56:49 pm »
Инаку не се сеќавам да не листам наназад, ја разгледа новата С4-ка?

За парите кои требаше да ги дадам го земав она што мислам дека во тој момент беше најдобар избор според мене.
Да, да...ја зборевме на почетокот некаде. Сериозно блиску е со цената до овие две. Ситроен за разлика од Германците го ценам заради успешното „жонглерство“ во дизјанот и многу често знаат да извадат револуционерни решенија (како Кактусот на пример, кој па е полн со други технички компромиси и со слаб квалитет). За жал новава Ц4 е само видоизменет претходен модел, обликовно и решението на силуетата и задниот дел ме оттргнаа, некако старачки ми делува, конзервативно. Дури и мислам дека е преполна со електроника, а за стариот модел слушнав прилично многу поплаки од некои познати....мада генералново коливе од денешницава се' повеќе се пунат со електроника, што ме вади од такт, ама нема бегање од тоа.

За тоа што си го купил, најбитно е да ти праи кеиф. Сигурно има компромиси....сега ти треба простор, на сметка на тоа си занемарил нешто друго - за тие пари чудо од кола не бидува. Ниту пак јас очекувам авион дека ќе добијам...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Помош при избор
« Одговори #110 на: 20 Јануари 2016, 22:28:35 pm »
За тие пари солиден Каптур нема ли?

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Помош при избор
« Одговори #111 на: 20 Јануари 2016, 22:53:36 pm »
Каптур почнува од 14, основниот. Платформата на каптур е клио, како што на кактус е ц3, со помала ширина, задна клупа и багажник од коливе кои ги збориме.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #112 на: 21 Јануари 2016, 07:20:19 am »
Има некоја акција 13 и нешто, е сеа не знам дизел ли е или бензин, задна клупа мене лично не ми треба, па не ми е пресудно тоа при избор. Инаку интересно количе е и многу економично.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Помош при избор
« Одговори #113 на: 21 Јануари 2016, 08:30:50 am »
Не е донесена, напротив....имам некои други муки периодов, се надевам дека брзо ќе ги решам...

...и не сум нервозен, имав некоја чашка поише фрлено, па ме ч'чнавте со „хе-хе“ и „аутобан“ муабетите. Знам дека не е VR6 или GTI, не сум ауто-експерт, ама не сум ни до толку телац. Во секој случај нерационално е да се збори за некакви спортски карактеристики на ваков модел, па ако тоа му се земе како мана е смешно.

Инаку мулти-линк суспензија кај Голф иде на моделот со 140кс, што не е ни блиску до оваа варијанта. За таа сила на моторот не знам и дали воопшто се осеќа на стабилност? Може грешам...

Поголема мистерија во секој случај ми е моделот на Пежо, кој што и многу не го гледам да се вози по Скопјево, а еве и овде нема некој голем одзив, па затоа испаѓа дека пристрасно се збори само за голфот (или се хејта, зависи како гледаш).

Нема да осетиш разлика меѓу мултилинк и торзија во 99% од случаите. Не се замарај со тоа, особено кај 1.2 TSI.

За тие пари солиден Каптур нема ли?

Лично, јас би заобиколил Каптур со шииииииииирок лак. Визуелно ми е тотално неприфатлив.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #114 на: 21 Јануари 2016, 08:31:23 am »
Меган излегува нов па сега цените треба да се најниски што може. Незнам колку е, ама со 1.5дци е полн погодок. Знам дека сакаш бензин ама не сум во тек со бемзинците што ги нудат не познавам некој што го интересирало или купил. Ама сега ако не се извлече некоја цена за Меган нема кога. Рецимо за 13000 дизел и опремен да го дадат.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Помош при избор
« Одговори #115 на: 21 Јануари 2016, 08:46:02 am »
Јас чисто се сомневам во тоа, моја претпоставка за 15000€ основна опрема и бензин.

едит: грешка, мислев за новиот зборуваш неубо прочитав, инаку еве ги цените од летото:
http://www.renault.mk/novi-vozila/patnicki-vozila/megane/novi-megane-berline/cene/

е сега шо има останато само на лице место.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Помош при избор
« Одговори #116 на: 21 Јануари 2016, 08:53:39 am »
Нема да осетиш разлика меѓу мултилинк и торзија во 99% од случаите. Не се замарај со тоа, особено кај 1.2 TSI.



Разликата е во лежење на пат, управливост и удобност и не е во ред поевтините верзии да бидат полоши во овој аспект, биди искрен. На квалитет не се штеди, они заштедија 10тина милиони со полукрутата, а после изгубија 50 милијарди со издувните гасови. Не е во ред политиката на штедење, ако се штеди во квалитетот, посебно затоа што беа најбогата компанија со најголем капитал и слободен кеш.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг:
« Одговори #117 на: 21 Јануари 2016, 09:02:58 am »
Одговорно тврдам дека обичен возач нема да осети разлика.

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Помош при избор
« Одговори #118 на: 21 Јануари 2016, 09:17:01 am »
Меган излегува нов па сега цените треба да се најниски што може. Незнам колку е, ама со 1.5дци е полн погодок. Знам дека сакаш бензин ама не сум во тек со бемзинците што ги нудат не познавам некој што го интересирало или купил. Ама сега ако не се извлече некоја цена за Меган нема кога. Рецимо за 13000 дизел и опремен да го дадат.
Бев неколку пати во Рено. Првиот пат имаа уште два-три мегани, оној рестилизиран и мислам дека веќе немаа на лагер, а даваа некој дизел за 15, со малку пооскудна опрема.

Лично, јас би заобиколил Каптур со шииииииииирок лак. Визуелно ми е тотално неприфатлив.
Се согласувам, а и друга целна (старосна, полова) група има очигледно.

едит: грешка, мислев за новиот зборуваш неубо прочитав, инаку еве ги цените од летото:
http://www.renault.mk/novi-vozila/patnicki-vozila/megane/novi-megane-berline/cene/
е сега шо има останато само на лице место.
Секогаш цениве се други на лице место, а лагерот е приказна за себе, ама мал пазар сме и тие се на мака голема. Пошо подолго време глеам коли, се изнагледав непродадени што ќе им одеа како алва. Ај да не спомнувам кои, има и од 2014-та што нудат со некаков си попуст.

За мултилинков, дури и не сум сигурен точно во кои сите возила од овој ранг го има. Mitsubishi ASX мислам дека го има во сите верзии затоа што веројатно има висока точка на гравитација, па ако не лежи добро и на помала брзина може да е проблем.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Помош при избор
« Одговори #119 на: 21 Јануари 2016, 10:13:00 am »
Одговорно тврдам дека обичен возач нема да осети разлика.
„Обичен возач“ е татко ми,мајка ми, тетка ми... Не е муабет за форум кај што чит-четаат автомобилски ентузијасти. И се приметува. И при дваес на саат кога ќе нагазиш у дупка со задните тркала. Единствено на рамен пат не се осеќа, таму кај што не се осеќа ни дека имаш издишани амортизери.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.