Темава е по-малку субјективна, како и за други теми, што е боље бензин или дизел, или која колку троши, која создава гориво уз градска вожња, каква кола да купиш, секако секој ќе си ја фали својата.
Јас пред да купам Пежо сакав да купам Пасат од 2005-2006 година, меѓутоа во странство (конкретно Холандија) беа со по 300-400.000 поминати по 5000-6000 евра, додека во Бугарија со “140.000“ беше околу 5000. Во МК се разбира истите фори со по 140-200.000 беа по 8000 евра. Факт е дека најпопуларните марки како VW, BMW, Audi, Mercedes и други, се со многу поминати км, истрошени, и во одлична визуелна состојба. Факт е дека во странство се продаваат километрите, пошо ретки се коли со по <100к км.
Како и да е ова е сепак субјективно, јас се решив за Пежо од 2008ма година 62.000км од Македонија, поефтина од Пасат од 2001-ва година со по миљон км. Личната среќа, како ќе ти се погоди возилото важи за увезени и за возила од МК коа веќе купуваш користена кола.
Според мене ранкингот би бил следен.
1. Возило од странство од близок познат - прв,втор газда
2. Возило од МК од близок познат - прв газда
3. Возило од МК непознат прв/втор газда сервисна книшка
4. Возило од странство од непознат, непознат број на газди со сервисна книшка
155. Голф 4 што го возела баба по 200км годишно и внуците ја продаваат