Па да, поради ниските температури затоа и греачи на седиште се горе-доле стандарди. Ако купиш веројатно автомобил од мала класа некое градско возило можеби треба да си доплатиш или ти нудат некој си зимски пакет. Клима јас користам нормално некаде од Јуни до Септември околу 50% од времето, еве денеска е 20 степена ама наредна недела ќе има нагло намалување на температурите.
Клима си доаѓа стандард но како што кажав има стандарден зимски пакет на опрема кој што е со мала доплата или бесплатен, и добиваш предно греење на стакло, греачи на седишта и ретровизори и нешто слично. Без разлика за кој бренд збориме.
Еве на пример во моментов има акција (уствари не е акција секогаш е така) ако купиш Голф Трендлине за доплата од 1.141 евро плус добиваш:
-централен наслон за рака
-круз контрол
-радио composition media со bluetooth
-кожен волан и менувач
-паркинг сензори напред и назад
-зимски пакет - греачи на седишта и предно стакло
Оваа опрема да ја купеш оделно ќе те фати многу повеќе од 1.100 евра. Финтата е што и да сакаш да земеш голф трендлине треба да чекаш 3 месеци зошто сите модели на лагер се вака нарачани и ти на некој начин си приморан да доплатиш 1.100 евра. што сепак мислам дека добиваш многу за тие пари, односно за точно 18.000 еур добиваш Голф 7 со 1.4 тси 125кс и оваа опрема што ја набројав плус стандардната. Камата 0.9% + еурибор, даваш учество 10% или 1800 евра и си цепаш со нова кола и месечна рата од 150-200 еур 5 години
