Автор Тема: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год  (Прочитано 6048 пати)

Отсутен vampo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
  • You miss 100% of shots you never take
Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« на: 03 Септември 2015, 19:15:45 pm »
Редно е и јас да го претставам мојот лепотан купен пред една недела.

Се работи за Peugeot 307 RESTYLING BERLINE 1.4 i 16v 90ks
Купено е во Еуроимпекс Пежо  од страна на првиот сопственик и ја поседува Medium-Low ниво на опрема
- електрика на предни прозори
- фабричко радио со ЦД
- рачки и ретровизори во боја на каросерија
- подесување на волан во висина
- подесување на предни седишта во висина
- магленки

Измерена потрошувачка (ова за една недела колку успеав)
- отворено - просек 5.4 л/100км (патував до Охрид и назад)
- градска вожња - просек 8.7 л/100км (Кисела вода - Визбегово во шпицот 8 и 16 часот)

Гуми Vredestein Quatrac 3 M+S

Јас го купив со поминати 61.800 км од кои колата не е возена од 2012 година па наваму. Намената е да биде фамилијарно возило, сега за сега имам 1 дете, меѓутоа во план е уште едно :)
Ентериерот е доста сочуван, да не речам уште мириса на нова внатре, единствена маана е што возачкото седиште има 2 мали дупчиња од изгореници од цигара.
Направен е сервис во Еуроимпекс пред неколку дена:
- ребраст и клинест каиш комплет со затегачи
- масло за мотор и сите филтри
- дијагностика и отстранување на грешки (една грешка имало)
- проверка на акумулатор
- десниот заден штоп не работеше, во Еуроимпекс ми го средија бесплатно, односно сменија конектори

Планови за иднина:
- најверојатно плин
- кровен носач, за на одмор

Еве и неколку слики










Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #1 на: 03 Септември 2015, 19:23:32 pm »
Со здравје да го брмчиш, среќа на патиштата и све туѓи жени во него да возиш.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг:
« Одговори #2 на: 03 Септември 2015, 19:43:49 pm »
Честитки, многу безгрижни километри! Фино изгледа.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3808
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #3 на: 03 Септември 2015, 19:49:17 pm »
A zs nee vozeno 3 godini ja znaes pricinata?

Отсутен vampo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
  • You miss 100% of shots you never take
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #4 на: 03 Септември 2015, 19:53:32 pm »
Причината не е дека нешто му фалело на возилото, туку од некои правни причини во кои сега не би навлегувал :)

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #5 на: 03 Септември 2015, 20:07:21 pm »
Кола од салон ти е ова, со здравје да си ја возиш :)

Присутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #6 на: 03 Септември 2015, 20:41:38 pm »
Честито, таман кола, стај си плин (во плимонт) што побрзо можеш, нема да зажалиш.

Едина маана им е што дихтунгот на филтерот за масло попушта (фабричкиот), така да на следниот сервис можеш превентивно да си го смениш.

И тоа е тоа :)

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1405
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #7 на: 03 Септември 2015, 21:39:14 pm »
Џам

Отсутен Alex.mkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #8 на: 03 Септември 2015, 22:33:39 pm »
Создравје да се вози, уба да му е среќата. Има кај мене во комшии караван вакво ист мотор, нема маки никакви до сега тој мислам дека преку 120к има извозено.

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #9 на: 04 Септември 2015, 09:07:29 am »
Ооо гледам комшија си ми, создравје да си го возиш и многу безгрижни километри со него :)

Отсутен vampo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
  • You miss 100% of shots you never take
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #10 на: 04 Септември 2015, 11:11:34 am »
Со здравје да го брмчиш, среќа на патиштата и све туѓи жени во него да возиш.
Честитки, многу безгрижни километри! Фино изгледа.
Кола од салон ти е ова, со здравје да си ја возиш :)
Честито, таман кола, стај си плин (во плимонт) што побрзо можеш, нема да зажалиш.

Едина маана им е што дихтунгот на филтерот за масло попушта (фабричкиот), така да на следниот сервис можеш превентивно да си го смениш.

И тоа е тоа :)
Џам
Создравје да се вози, уба да му е среќата. Има кај мене во комшии караван вакво ист мотор, нема маки никакви до сега тој мислам дека преку 120к има извозено.
Ооо гледам комшија си ми, создравје да си го возиш и многу безгрижни километри со него :)

Ви благодарам на сите. Едвај чекам да го пробам на подолга релација.

@smole во план е плин во скоро време, а за тоа дихтунгот во Еуроимпекс не ми спомнаа ништо, да не е фрка во некои други мотори од 307-ца?
@stapmkd ептен комшии сме биле, глеам кај Рептил живееш :) Дај да се договориме за држачите од кумашинот

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #11 на: 05 Септември 2015, 20:08:14 pm »
Aјде кога сакаш, бројот го имаш, чујте се, ќе идеме заедно да ги прбаш :D

Присутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #12 на: 05 Септември 2015, 20:11:32 pm »
Со тој е, од искуство зборам :)

Отсутен vampo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
  • You miss 100% of shots you never take
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #13 на: 23 Октомври 2015, 10:37:19 am »
Мал апдејт

+ на 63620км сменети предни плочки (сервис Аргировски кај лепенец - гледам дека малку се збори за него на форумот, али многу добро работи и на цела фирма ни ги одржува возилата)
+ монтирани навлаки на седишта, со гумифициран материјал донесен од Чешка, по цена од 3000 денари кај Зоки во Припор.

- Треба да сменам уште лево поткрило (пластиката) , во Пежо Еуроимпекс ми бараат 4500 денари, а во Грција е 11 евра, па си го нарачав од таму.

- Патосници по мерка, пошо овие се пикаат под педалите и многу ме нервираат

Еве и неколку слики од навлаките






Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Peugeot 307 1.4 16V 65kW 2008год
« Одговори #14 на: 24 Октомври 2015, 09:28:07 am »
Мнооогу убаво разбираш. Моторот прекрасен, цело ауто прекрасно. Ставај плин не се понашај ко Бајага. И да не заборавиш со здравје да си го возиш.