Их, две недели без активност на темата. Сале почна, да продолжам?

Во процедурата на разгледување на возило за дотичната шефица, една од опциите беше Сузуки Свифт Спорт. Велам беше, дека реши самоволно дека во ново возило не сака да инвестира за да го чука по тротоари. Но додека разгледувавме, наидов на интересна информација. Имено, самата компанија Сузуки, преку своите дилери, нуди опција за инсталација на афтермаркит Pioneer единица на местото на ОЕМ радиото. Си го продаваат заедно со пластичен држач итн како дополнителна опрема.

Е сега, имајќи предвид дека ќе одиме најверојатно на половно возило, и мене ме чека инсталација на афтермаркерт. C2 VTS, што е моделот кој го гледаме, има простор и за 1-DIN и за 2-DIN headunit, па различни опции стојат. Првовремено се водев со идејата да направам CarPC... се додека не сфатив дека оној што ќе го вози тоа возило има капацитет да го искорне оад лежиштето во првиот момент кога ќе замрзне софтверот. Значи, ќе се оди на комплетно афтермаркет решение...
...сега се мислам околу 1-DIN со моторизиран екран, и 2-DIN. Плус засилувач, и останати тракатанци, во мало возило.
