Автор Тема: Вградување на афтер маркет радио  (Прочитано 23351 пати)

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Вградување на афтер маркет радио
« Одговори #45 на: 01 Октомври 2015, 19:34:55 pm »
Да да мојт, и имат.


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29629
    • CARclub.mk
Одг: Вградување на афтер маркет радио
« Одговори #46 на: 01 Октомври 2015, 20:10:24 pm »
Интересно, DNX525DAB има и VW бројче. Баш ќе прашам во Порше дали може да се нарача и за колку милиони евра.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Вградување на афтер маркет радио
« Одговори #47 на: 01 Октомври 2015, 22:05:26 pm »
Да да мојт, и имат.

Проблемот со Kenwood-от е тоа што е направен специјално за VAG возила, и не е стандардна 2-DIN единица.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Вградување на афтер маркет радио
« Одговори #48 на: 01 Октомври 2015, 23:43:54 pm »
Ima i vo 2din. Za sto kola e?

http://www.kenwood-electronics.co.uk/car/oem/vwc/DNX4230DAB/?view=details


Интересно, DNX525DAB има и VW бројче. Баш ќе прашам во Порше дали може да се нарача и за колку милиони евра.
Kenwood во порше ск .. хммм ај донт тинк со. Пробај со официјален увозник.
« Последно менување: 02 Октомври 2015, 01:08:58 am Dzo »

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Вградување на афтер маркет радио
« Одговори #49 на: 02 Октомври 2015, 04:41:33 am »
Ima i vo 2din. Za sto kola e?

Nice. Најверојатно Citroen C2 VTS. Се прашувам дали ова работи со афтермаркет сензори - гледам дека само пишува - Parking sensor wire.

Отсутен Aleksandar15

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Вградување на афтер маркет радио
« Одговори #50 на: 22 Октомври 2015, 10:37:08 am »
Pocituvani,

Vo prethodnite postovi se iskazani niza nevistini od clenot SaleSK . Brendot PIONEER  e pojak od bilo koga vo avto akustikata , i spored GHK , drzi 44% od pazarot vo zemjite kade se pravat istrazuvanjata. Vek se dostapni osnovnite modeli za 2016 godina so oznaka DEH -1800 i nagore, a posle nova godina ke izlezat i D-DIN , audio/video modelite za 2016 godina. Isto taka veke se najaveni i modelite za 2017 godina. SIte gi pokanuvam da ne posetat vo ZEC Electronics vo TC Kapistec , GTC, Tetovo  ili Bitola .

stranicata na PIONEER moze da ja posetite na :

http://www.pioneer-car.eu/eur/

Srdecen pozdrav

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг:
« Одговори #51 на: 22 Октомври 2015, 11:06:47 am »
Дoкaз или STFU.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6112
  • 69
Одг: Вградување на афтер маркет радио
« Одговори #52 на: 23 Октомври 2015, 11:14:20 am »
Благодарам на прозивката @Aleksandar15.

Јас се извинувам што морал повторно да креира нов акаунт, иако заборавил дека веќе има постоечки.
Но некаде пишуваше по интернетот дека Пионер полека ја напушта линијата за производство на аудио озвучување за автомобили.
Премиумот од пионер сме свесни дека го нема уште од далечната 2009 кога и престанаа да се произведуваат високите класи од оваа марка. Кој се сеќава, тоа беа радијата со дисплејот на кој излегуваа делфините.

Еве и еден линк за тоа:
http://techcrunch.com/2009/11/02/pioneer-shutting-down-its-premier-car-audio-line-at-the-end-of-2009/

Како год, Зајко електроникс како овластен застапник за Пионер излезе со пост и ме демантираше, голема благодарност до него за истото.

Мило ми е што Пионер нема официјално да го напуштат производството и нема да излезат од кар аудио индустријата, но за жал мене ме изгубија како нивни корисник.
Малку подоцна ке образложам зошто е тоа така. (Мое лично мислење)

 ;D

edit:
Еве ме малку подоцна со образложението кое сакав да го дадам.
Прво еве зошто повеќе Пионер не ми се омилен бренд.
Изгледот:

Рамката околу дисплејот. Истото говори дека е употребен ефтин дисплеј, ефтина изработка и рамка, која доколку е во дефицит моменталниот дисплеј, многу лесно ке се уфрли и нов друг, но свети така така, малку претерано.
Квалитетот на тастерите нема да го коментирам бидејќи кога се притиска се слуша гласен клик, небаре стискаш прекинувач за сијалица.
Менито е направено малку конфузно, за разлика од класичните пионир менија. Но ајде тоа и не е така страшно.
Материјалот и пластиката од која е изработено радиото е подпросечна. Имаш чувство кога ке ја извадиш плочката дека ке ти се стопи во раката.
Кутијата за плочката е коректна. Мислам дека се користи кај сите истата, па така да не беше лоша кога ја држиш во рака.

Одиме на следната слика:


Заприметете ја големината на радиото?
Дали ви се чини нормална? :)
Океј, зборуваме за радио со УСБ, па и нема логика да е поголемо радиото кога нема ЦД читач. :D
Многу  ми е криво што не ги сликав каблите, не мислев дека ке треба на некого да му покажувам колку е нешто неквалитетно, но жичките кои се користени беа мизерни.
Можам слободно да кажам дека се со квалитет полоши дури и од оние радија кои ги продаваа на ауто пазар за 500 денари на времето пред 20 години.

10 амперски осигурач, односно струја која ке тече низ 5 линци за мене се незамисливи.
Последното афтермаркет радио кое го вградив, морав да му пуштам кабел од 4 милиметри квадратни за да може да работи без проблем и страв дека ке ја стопи инсталацијата. Наспроти овој кабел кој нема ни 0,4 милиметри квадратни пресек.

Генерално конкретниов модел на радио чини 3000 денари + или -, нека каже Зајко, ака @Aleksandar15 , солидно звучи за тие пари, вградено е во возило старо 20 години.

Јас не би го купил, ниту би ги препорачал некому. Искрено мене не ми е по вкус, а тоа е индивидуално.
Споредено со други радија, изгледот ми е подпросечен.
JVC ја направија истата грешка пред 4 или 5 години. Изгледот го уништија.
Не сум гледал што нудат ново, но не верувам дека ке бидат повтроно со квалитет како порано.
Во моментов единствено нешто кое мене лично ми се допаѓа како е изработено се дел на радијата од Кенвуд.

Бонус за на крај:
Како ви изгледаат, односно дали  може да се препознае кое е фејк а кое е вистинско :)





« Последно менување: 23 Октомври 2015, 12:12:51 pm SaleSk »
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Aleksandar15

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Вградување на афтер маркет радио
« Одговори #53 на: 24 Октомври 2015, 14:04:52 pm »
Почитуван САЛЕСК ,

Форумот е направен за дружење, и размена на искуство. Твојот интерес за терање бизнис и самореламирање по сите твои постови е крајно недоличен (мегутоа не сум јас тој што ќе каже дали е така или не ). Твојот начин на однесување ословувајќи ме со прекар  ЗАЈКО , само ја одсликува твојата немоќ да го прифатиш фактот дека нема никогаш да бидеме на исто ментално ниво. Тука застанувам со сето ова .


За твоите слики и објаснувања....

1. Линкот кој е поставен се однесува за дел од програмата ПР , т.е. за највискота класа на ПИОНЕЕР , каде еден пар 16цм звучници за врата чинеа 40000,00 денари , и еден засилувач чини 150000,00 денари.

2. За сликите , и наводните наоди за квалитетот на пластиката која е употребена. Доколку си стручен илли имаш било каква диплома од Технолошки факултет каде во принцип се проучуваат материјаллите, и притоа си извел низа од тестови и ни ги прикажеш добиените резултати , да ќе се согласам со тебе ..... во спротивно немој да даваш неаргументирани тврдења.

3. Радиото на Пионеер кое го споредуваш ДЕХ-П8500 , своевремено било второ радио во низата и се продавало по цена од 30000,00 денари почетна цена , до цена од 15000,00 на распордажба . Моделот од пред две години МВХ-150 УБГ е најниската бејзик класа на Пионеер . Исто како да правиш споредба помегу Мерцедес СЛК и А ..... Инаку и двете радиаја се оригинален производ.

4. Жицата доводна , е 1,00 мм , измерено , за должина од 0,2м  сосема доволно при макимум од 20В и струја до макс 15А . Истата дебелина се користи и од страна на Кенвуд, Алпина , ЈВЦ  во споментата класа . Инаку максимумот на потрошувачката е  60-65ВВ , зависно од производител до производител , можеш и сам да пресметаш ( или измериш ).

5. Тастерите ги проверивем на дессет радија,наевтините модели кои ти тука ги споменувашвоопшто не пуцкаат или крцкаат - бидејжи очигледно незнаеш користат микротастер фолија , а сите други од 3ХХХ сеуште користат микро прекидачи - и истите пуцкаат при притискање на било кој бренд и за било која намена ...... НО ...веројатно тоа ти е дел од лагите кои најчесто ги пласираш при продажбата на твоите омилени Кенвуд радија кога ги омаловажуваш сите други брендови. од кои неможеш лично да имаш бенефит ....

6. За крај ќе споделам една поука : „ Не дозволувате да ве симнат на нивното ниво , ќе ве победат со искуство “

       Срдечен поздрав до сите што се тука со вистински чесна  намера, да споделуваат искуства и несебично да им помагаат на другуите членови, без притоа да ја искривуваат вистината за лична материјална корист.

        Мислам дека нема потреба повеќе да се разговара на темата околу Пионеер и би му препорачал на гореспомнатиот член да не се дискредитира повеќе со слични постови .

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Вградување на афтер маркет радио
« Одговори #54 на: 09 Август 2020, 22:03:02 pm »
Да ја живнам темава, прашањето ми се виде најсоодветно за тука. Зошто не сум во МК, а и да не ме чини вградувањето радио повеќе од колата, сакам тоа да го изведам сам.
Како што видов, црна е "-" од акумулатор, црвена "+" од брава и жолтата "+" од акумулатор.
За да може радиото да работи без контакт мислам дека треба да отпадне жицата од брава, т.е. црвената. Значи остануваат само "+" и "-" од акумулатор.
Тоа што ме буни е на кој плус треба да го поврзам во овој случај на радиото, на црвената или жолтата?
Дали важи стандардното правило црвена +, црна -?
Ако на џекот на А4 е "+" од акумулатор (жолта), а на А7 е "+" од брава (црвена), на која треба да го врзам кабелот од плус што доаѓа од колата?

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 868
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Вградување на афтер маркет радио
« Одговори #55 на: 09 Август 2020, 23:31:00 pm »
Ако сакаш цело време да работи радиото, односно да не биде зависно од клуч на контакт, тогаш спои ги црвената и жолтата од радиото и врзи ги за плус кој е цело време достапен. Најдобро е ако можеш директно од акумулатор да го извлечеш, притоа секако користи осигурач.