Значи ајде пак од почеток.
Кога зборуваме за квалитет на звук, во тој случај USB/MP3 слободно заборавете го.
Зборуваме за практичност и намена.
Следна работа е тоа што прикрпеното радио (како што го нарече) и фабричкото немаат никаква допирна точка, освен свирење (радио и ЦД). Да не ги споредувам радијата, најнебитни се во случајов.
Изгледот е релативна работа, и е ствар на вкусови.
Дали мислиш дека голем дисплеј, кој го има во скоро секое ново возило е кичерајска работа?
Дали мислиш дека сите ставаат голем екран заради гледање на филмови? слушање на 25000 песни или слично?
Не.
Логиката ти е тотално погрешна.
Друга работа е тоа што навигација не сме врзале на борд, ниту па Голфов ја имал. Со вградување на овој систем ја добива, што е еден плус повеќе.
Фабричка навигација на инструмент табла имаат само возила од висока класа, нели.
Во првиот пост повторно ке повторам пишува за кои и кави возила е отворена темата.
Добиваш + блутут хендс фри, со комплетен именик и податоци за секој контакт. (заштитен од казна во секој поглед).
Добиваш 10-то кратно поквалитетен звук од претходно.
И уште еден куп опции.
Не секој системот во кола го користи за слушање на три радио станици. Има луѓе на кои им е многу побитно да имаат хендс фри одколку да слушаат радио, како на пример. итака натака.
Следна работа која би ти ја образложил е вградување на афтер маркет звучници, односно баш она што го спомна. Доколку вградуваш само сетап од звучки, ако ги прочита погорните постови ке знаеше зошто не се вградуваат на фабричко радио без засилувач.
Фабричките звучници се најчесто изработени со хартиени мембрани, сунгерасти амортизери и се релативно осетливи. Фабричките радија се изработуваат најчесто со слаби и едноставни ефтини засилувачи.
Доколку ти ставиш ЈБЛ со полипропиленска мембрана и гумен амортизер на кој му треба моќност за да го побуди и даде звук, дали знаеш што ке добиеш со фабричкото радио? Па одприлика 30% понеквалитетен звук одколку што би го добил со фабричките звучници.
Освен ако не одбереш звучници кои се со исти параметри како и фабричките. Но во тој случај единствено нешто кое ке го добиеш е почисти високи, полоши басови и евентуално подобри средни.
И повторно да замолам сите оние кои ке коментираат да ги прочитаат добро постовите за да не се повторуваме во секој пост едни те исти работи.
@InSides
Да се разбереме, инвестицијата е минимална. Солидни сетови за аудио тестирање за инсталатери чинат помалку од 1,000.00 ЕУР. За почеток, насочен микрофон, звучен снимач и тон генератор ќе завршат работа. Претпоставувам дека инсталатерите во Македонија заклучиле дека таква инвестиција нема да им се исплати.
Темата ми е интересна затоа што планирам во наредното, помало возило, да инсталирам балансиран афтермаркет систем. И иако ќе морам да се потпрам на инсталатер за инсталацијата, очигледно ќе морам сам да се занимавам со мерења и подесувања.
Мислам дека никој не би сакал да инвестира во таква опрема.
Искрено, што мислиш. Колку радија само со USB се продаваат а колку со голем дисплеј (double din)?
100 наспрема едно е одговорот.
Сите радија кои имаат само УСБ приклучок се изработени во најкинеските фабрики во светот и им се налепени само налепници со брендот.
По мене полоши и понеквалитетни радија се само оние што ги продаваат на зелен пазар. Најефтини дисплеи, нејефтина пластика, најефтина електроника.
Цена 3500 денари. Заработка од продадено радио максимум 300, + инсталација 600, ако е и толку или е гратис од кај што ке го купиш радиото.
Искрено јас ни за 600 денари не сакам да монтирам радио во кола. Најефтино доколку ги има сите приклучоци како што треба.
Значи одиме на минимум, со заработка од бедни 5 евра по радио, за да после тоа уклучам апаратура од 1000 евра и да го мерам квалитетот на звук кога истиот е повеќе и од очаен???
Тоа не е ни звук, туку е галама.
Но во случајот кој ти го бараш, како единка на 100 продадени ефтини системи, нема логика за набавка на таква инструментарија. Реално гледано.
Се е комерцијала. Се е за заработка. Се треба да се направи со минимално вложен труд а максимален ќар кај нас.
Да не зборам за тоа колкаво познавање од областа на музиката и електрониката треба да имаш за да направиш мерење, подесување и калибрација на еден систем...
А најинтересни се луѓето кои ке вложат 1000 евра за озвучување за да им бучи колата од басот и да се тресат прозорите кај комшиите кога ке помине по улица, а не ставил микрон звучна изолација. Да не зборувам кака звучна слика ке имаш во кола кога ке седнеш. Притисок од басот и ништо друго. Вибрација.
Дали се слагаш?
Точно е дека постојат ентузијасти и луѓе кои што со љубов ја работат таа работа и мислам дека се многу ретки.
Но нема да ги најдеш во продавниците за продажба и монтажа на аудио опрема, верувај.