Прво треба да си видиш дали РЕАЛНО имаш потреба од Мерцедес, односно од поголема кола не мора да е мерџан и да видиш дали ти со твоите примања можеш да си дозволиш такво возило и можеш прописно да го одржуваш како што треба. Колата не е само да ја купиш, ако беше така сите ќе возевме мерцедеси. Да земеш таква кола а да ти треба само за до работа и чат пат за надвор е жива глупост и спаѓа во она ,, купување кола на метро''. Ондак си ја купил за курназење и за ништо друго, дека е мердецес. Им нема помош на такви искомплексирани фаци. Не е страшно да земеш Мерцедес( стрикно од прв газда дали од тука дали од странство) не увезен, не од плац, доколку многу патуваш секојдневно и ти треба посигурно и покомотно возило. Така да, можеби е подобра опција од маздата, која е прескапа, ама не можеш некој да направиш будала дека купил Мазда, а не мерцедес за тие пари. И огромна е разликата помеѓу тие 2 работи, неописливо е чувството кога ќе земеш ново возило и кога со години ќе го осеќаш мирисот на ново. Огромен е меракот. Кога ќе седнеш во веќе развозено на кое некој и го истерал кејфот го изамортизирал ентериерот и све по список, не е тоа тоа па кој сака нека збори. Секој со својата потреба, секој со својот кејф, на крај краева си дава негови пари и ќе си земе што му душа сака.
п.с За 15 подобро ќе земам основен голф/леон отколку маздата искрено. Или Фиеста Титаниум еве и ќе ме фати далеку помалце. Ич не ми праи кејф. Јас кога седнав во мазда 3 тотално се разочарав па сигурно 2ката не е подобра. Не ми остави никаков позитивен впечаток, ефтини материјали и катастрофално крут мењач.. Апла лошо им изгледаат оние екранчиња на средина кои штрчат не естетски и личат на кинески таблет! Многу повеќе очекував со оглед на тоа што летаат со цениве и сакаат да глумат премиум.