Статус: 34,500км, пред пар недели.
Возилото почнува да појавува бучава која потекнува од подвижен дел. Се сомневав на туѓо тело во гумите, па однесени на проверка, при што се проверени за туѓи тела и ротирани (покрај редовното ротирање на околу 10,000км). Бучавата продолжува. Возилот правец Порше, каде сервисерот го посочи проблемот во гумите. Во овој момент се вози ОЕМ сетот Bridgestone Potenza S001, со вкупно поминати околу 21,000км. Со релативно агресивно возење.
Ај анасана. Поминува некое време поради работни обрвски, не можам да му посветам внимание на проблемот, а бучавата се појачува.
Статус: 35,500км, денес.
Извадени гумите. Шарата е солидна - но на визуелен преглед е забележливо значително искривување на гумите (значително = доволно да ме вади од такт и да ја поремети возната динамика).
Монтирани четири нови гуми, Michelin Pilot Sport 4. Изгледа гумата е популарен избор - во Мотоцентар и Олимпико се помачија додека да најдат 4 парчиња од иста серија.
225/40 R18
Нема бучава.
За нова гума, се држат одлично. Ќе видиме како ќе покаже времето. Што се однесува на мојата нервоза што сум истегнал само 22,000км од ОЕМ сетот, очигледно сум добил премија - генералните впечатоци на сопствениците на РС надвор од Македонија е дека S001 им трае помеѓу 15,000 и 20,000км.