Автор Тема: Skoda Octavia RS 2.0 TSI  (Прочитано 79991 пати)

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3156
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #300 на: 06 Ноември 2015, 17:12:45 pm »
odlicno kolice denes go vidov parkirano vo edno sokace vo k.voda i nemam zborovi

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #301 на: 09 Јануари 2016, 22:06:02 pm »
20,900 км, втор редовен сервис во Порше.

Променето:

1. Моторно масло, штопна и филтер за масло.
2. Филтер за воздух.
3. Филтер за полен.
4. Надградба на firmwave (врм, врм!) - всуштост, за entertainment системот. :P
5. Проверка на подвозје (за ова во нареден пост).

Процедурата траеше околу 1.5 час.

Вкупната сума 8,382.00 денари.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #302 на: 09 Јануари 2016, 22:23:30 pm »
Е сега, зошто проверка на подвозје...

...неколку дена пред крајот на прекрасната 2015та, при стандардно крузање, со шефицата и детето назад, на патот Велес - Скопје, поточно подвозникот по исклучувањето за Катланово, се слуша силен пукот. Застанувам со мисла дека гумата е дупната и при инспекција увидувам дека не само што е гумата дупната, туку е уништена со прилично голема засекотина на страничниот ѕид.

И не само гумата пукната, туку и бандажот засечен, како со жилет. За потсетување, се работи за нови OZ Superturismo, со нови Pirelli Sottozero 3 на нив.

Ах анасана.

Нејсе, ја менувам гумата за она смешното тркалце, и го теравме денот. Наредниот ден, правец Мотоцентар, и што да видат - сум закачил арматура осмица која штрчела од НОВИОТ АВТОПАТ ШТО САМО ГО ЗАВРШИЈА!

Не бев нервозен воопшто. Чинев само гумата уништена.

Македонија Пат 1, РС 0.

По подолго тестирање во Мотоцентар под будното око на еден тркач кој ми е близок, покрај тоа што ми е вработен (фала, @Bad-Gamer!), утврдија дека оштетувањето на бандажот е само површинско и дека нема структурни проблеми - иако ќе си бара фарбање напролет. П.С. Нарачавме нов. За секој случај.

Македонија Пат 2, РС 0.

И додека сме таму, @Bad-Gamer вика, дај да ги провериме сите гуми, патот Велес - Скопје е катастрофа, а ти (демек јас) возиш дете. Пак за потсетување, се работи за нови Pirelli Sottozero 3. На предната десна, од внатрешна страна, се појавила фина бабачко цицка. Знам од каде - на мостот пред последниот тунел пред Велес, на патот Скопје - Велес, на десната страна нема спојка помеѓу мостот и асфалтот. И ако возиш по правила, убаво се треска дупката. Нова гума, велите?

Македонија Пат 3, РС 0.

Епилог - две нови гуми, еден нов бандаж. Активирано осигурување за покривање на штета, активирана гаранција за едната Пирели гума (као демек цицка не смеела да се појави), извршено вештачење за евентуално покривање на штета од Македонија Пат. Подвозјето е во одлична состојба.

Најважно - сите сме добри - а РСот не изгуби контрола дури ни со експлодирана гума во кривина.

Уште поважно - јавна благодарност до @zeroSignal за подготвеноста да помогне на било кој начин во предновогодишна недела, кога ништо во Скопје не работи. Фала, Зеро.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #303 на: 09 Јануари 2016, 22:41:05 pm »
Ени тајм. Клабер на клабера му е клабер.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #304 на: 09 Јануари 2016, 22:42:50 pm »
Штетата е огромна.
Само незнам како и дали воопшто ке извлечеш нешто од македонија пат.
Жално но вистинито.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #305 на: 10 Јануари 2016, 00:19:33 am »
Ени тајм. Клабер на клабера му е клабер.

:)

Штетата е огромна.
Само незнам како и дали воопшто ке извлечеш нешто од македонија пат.
Жално но вистинито.

Гумите и втор сет на бандажи се потрошен материјал. Само не очекував толку брзо да ги потрошам, де.

Ние сме добри, колата се однесуваше и подобро од што можев да очекувам, а што се однесува на финансискиот дел - затоа постои осигурување.

Замисли да беа летните тркала - Шкода ОЕМ 18" е над 400Е парче. :)

Адвокатот ми рече да не се надевам. Ми покажа спор кој го добил во 2011 (за кој има извршно решение од 2011) и кој се уште не е исплатен. Нејсе - ќе си тераме по систем, ако за ништо друго, тогаш барем за raising awareness.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #306 на: 10 Јануари 2016, 04:41:03 am »
Не се зимаат пари од Македонија Пат со извршно решение, за жал :( Има донесено пред некоја година некој акт на владата(или како и да се вика) и неможат да се блокираат ако имаат под 60.000.000 денари на сметка, кој се разбира никогаш ги немаат.

Што се однесува до колата, да сте здрави и живи па се решава другото.

А еве од мене траектории за одбегнување на оштетените спојки на мостовите :), првите 2 моста на Ск-Ве вози ги по средина зошто и од двете страни оштетени се спојките од минење на возила, на десна страна е пооштетено, третиот(црквичето после шиканата), четвртиот(горништето налево), петиот(пред долништето) и шестиот(на долништето кај бензинската што се гради) вози си ги од лева страна, потоа на шиканата што е пред острата кривина налево обавезно од лева страна, од десна страна исто така има некоја спојка што е премногу оштетена и има голема дупка, заради оштетената спојка и неможе да се фане со убава траекторија кривината но тоа е. Седмиот(после шиканата) возење исто од лева страна зошто на десната страна спојката е исто така оштетена од камиони и има дупка, овој можеш и по средина да го возиш за подобар влез во следната кривина зошто спојките се оштетени само на местата кај што се тркалата на возилата. Последниот мост што е после предпоследниот тунел би ти препорачал да го возиш што полево можеш, лепење на колата колку можеш до оградата за да ги избегнеш оштетувањата на гумените спојки.

Си ги знаеш сите овие места и ти зошто секојдневно возиш но за подсетување :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #307 на: 10 Јануари 2016, 11:54:36 am »
Не се зимаат пари од Македонија Пат со извршно решение, за жал :( Има донесено пред некоја година некој акт на владата(или како и да се вика) и неможат да се блокираат ако имаат под 60.000.000 денари на сметка, кој се разбира никогаш ги немаат.

Во право си. Адвокатот ми објаснуваше дека ги поделиле сметките за да се осигураат дека секој пат ќе имаат пари за плати и тековни трошоци. Но ако ништо друго, ќе тера процесот.

Што се однесува до колата, да сте здрави и живи па се решава другото.

Благодарам. :) Веднаш се реши - и онака е само потрошен материјал. Возилото нема никакво друго оштетување. Нервозата тешко ми се решава.

Од друга страна, случкава ми ја зголеми довербата во возилото. :)

А еве од мене траектории за одбегнување на оштетените спојки на мостовите :), првите 2 моста на Ск-Ве вози ги по средина зошто и од двете страни оштетени се спојките од минење на возила, на десна страна е пооштетено, третиот(црквичето после шиканата), четвртиот(горништето налево), петиот(пред долништето) и шестиот(на долништето кај бензинската што се гради) вози си ги од лева страна, потоа на шиканата што е пред острата кривина налево обавезно од лева страна, од десна страна исто така има некоја спојка што е премногу оштетена и има голема дупка, заради оштетената спојка и неможе да се фане со убава траекторија кривината но тоа е. Седмиот(после шиканата) возење исто од лева страна зошто на десната страна спојката е исто така оштетена од камиони и има дупка, овој можеш и по средина да го возиш за подобар влез во следната кривина зошто спојките се оштетени само на местата кај што се тркалата на возилата. Последниот мост што е после предпоследниот тунел би ти препорачал да го возиш што полево можеш, лепење на колата колку можеш до оградата за да ги избегнеш оштетувањата на гумените спојки.

Си ги знаеш сите овие места и ти зошто секојдневно возиш но за подсетување :)

Одличен пресек! Оваа делница се комлицира дополнително при врнежи затоа што навистина е ризично на непрегледни свиоци да возиш по левата страна. И сам сигурно многупати си избегнувал одрони.

За потсетување, ова е делница на E-75. Што повеќе да кажам... :(

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #308 на: 12 Јануари 2016, 03:29:48 am »
ЦЦЦ страшно ,што ти се десило .....
Но можело да биде и полошо ,се надевам на крај све ке се среди како што треба

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #309 на: 12 Јануари 2016, 10:05:12 am »
се надевам на крај све ке се среди како што треба

Се е во ред. За финансиска штета постои каско. Искрено, наредниот ден како ништо да не се случило...

...освен исконската нервоза кон Македонија Пат.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #310 на: 12 Јануари 2016, 10:10:26 am »
Кажи му на колегата адвокат да ги тужите и ЈП за државни патишта покрај Македонија Пат. Тие имаат пари и можат да плаќаат ;)

Сега имам предмет каде од куче на автопат на возилото има штета од 1.200.000 денари, удрен е напред џипот во кучето, па после од позади го собрале. Така да ти супер си прошол :D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #311 на: 12 Јануари 2016, 12:06:30 pm »
Добро е што штетата останала на гуми и бандажи..

Се додека за да се добие државен тендер основен критериум е најниската цена ќе паѓаат кровови и фасади на новоизградени објекти, ќе се увезуваат чкарт лекови и вакцини и ќе штрчат арматури од автопат.

Не за џабе зборам "90-120 кмч во 6 та на автопат и ништо повеќе".

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #312 на: 12 Јануари 2016, 17:19:34 pm »
Значи 50кс се доволни :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI
« Одговори #313 на: 12 Јануари 2016, 18:01:49 pm »
Јас знам еден дечко, пред 2 години некаде, му се дупна гума на истата делница.

Застана со колата, повика полиција. Направија записник. Стави резервна и доби обештетување.

Не смееш да го напуштиш местото пред да направи полицијата записник и после да добиеш обештетување.

Има логика во ова?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг:
« Одговори #314 на: 12 Јануари 2016, 20:44:02 pm »
Има. Ама со мало дете 3 саата да дремеш на автопат и не е баш пријатно, нели?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.