Веќе напоменав во друга тема дека пристигна, но сакав да ја исперам барем еднаш пред да поставам било каква слика / тема. Благодарам на Бушав за одличната услуга денес - малку го загњавив човекот со муабети - се надевам не досадив премногу.
Шкода Октавија RS 2.0 ТSI / 162 kW / 350nm
Сајтот на Шкода Македонија (
www.skoda.com.mk) ги има сите детали за стандардната опрема на RS. Покрај стандардната, има уште некоја играчка:
- целосно кожен ентериер, со греење на седишта напред и назад.
- CANTON звучен систем, со 9 звучника + 1 вуфер и дигитален засилувач.
- 8" навигација Columbus, со 64GB диск, вчитани европски мапи и мини кровна антена.
- дополнителни воздушни перничиња за колена напред.
- Front Assistant (радар).
- адаптивен темпомат (ACC) во комбинација со предниот радар.
- 12 паркинг сензори.
- мод за автоматско паркирање.
- KESSY систем за отклучување и стартување на возилото без клуч.
- Bluetooth+ со гласовна контрола.
- заштита на моторот за лоши патишта.
- 18" Gemini Anthracite тркала со Bridgestone Potenza S001 гуми (225/40/R18).
...и ако заборавам нешто, само ќе се каже.
Во исчекување на подобри фотографии од наредните денови, една од денес, по третманот кај Бушав: