Е сега, зошто проверка на подвозје...
...неколку дена пред крајот на прекрасната 2015та, при стандардно крузање, со шефицата и детето назад, на патот Велес - Скопје, поточно подвозникот по исклучувањето за Катланово, се слуша силен пукот. Застанувам со мисла дека гумата е дупната и при инспекција увидувам дека не само што е гумата дупната, туку е уништена со прилично голема засекотина на страничниот ѕид.
И не само гумата пукната, туку и бандажот засечен, како со жилет. За потсетување, се работи за нови OZ Superturismo, со нови Pirelli Sottozero 3 на нив.
Ах анасана.
Нејсе, ја менувам гумата за она смешното тркалце, и го теравме денот. Наредниот ден, правец Мотоцентар, и што да видат - сум закачил арматура осмица која штрчела од НОВИОТ АВТОПАТ ШТО САМО ГО ЗАВРШИЈА!
Не бев нервозен воопшто. Чинев само гумата уништена.
Македонија Пат 1, РС 0.
По подолго тестирање во Мотоцентар под будното око на еден тркач кој ми е близок, покрај тоа што ми е вработен (фала, @Bad-Gamer!), утврдија дека оштетувањето на бандажот е само површинско и дека нема структурни проблеми - иако ќе си бара фарбање напролет. П.С. Нарачавме нов. За секој случај.
Македонија Пат 2, РС 0.
И додека сме таму, @Bad-Gamer вика, дај да ги провериме сите гуми, патот Велес - Скопје е катастрофа, а ти (демек јас) возиш дете. Пак за потсетување, се работи за нови Pirelli Sottozero 3. На предната десна, од внатрешна страна, се појавила фина бабачко цицка. Знам од каде - на мостот пред последниот тунел пред Велес, на патот Скопје - Велес, на десната страна нема спојка помеѓу мостот и асфалтот. И ако возиш по правила, убаво се треска дупката. Нова гума, велите?
Македонија Пат 3, РС 0.
Епилог - две нови гуми, еден нов бандаж. Активирано осигурување за покривање на штета, активирана гаранција за едната Пирели гума (као демек цицка не смеела да се појави), извршено вештачење за евентуално покривање на штета од Македонија Пат. Подвозјето е во одлична состојба.
Најважно - сите сме добри - а РСот не изгуби контрола дури ни со експлодирана гума во кривина.
Уште поважно - јавна благодарност до @zeroSignal за подготвеноста да помогне на било кој начин во предновогодишна недела, кога ништо во Скопје не работи. Фала, Зеро.