Golf VI
Новиот Golf, веќе 6-ти по ред, задржува се што имаше претходникот, а носи некои подобрувања, главно поквалитни материјали во внатрешноста и помалку продор на звук од моторот.
Oд VW се одлучија за доработка на 5-ката, наместо комплетно нов модел, па и затоа повеќе би му одговарало името VW Golf 5 и пол! Повторно одлични возни својства, функционален и комфорен ентериер со високо ниво на прегледност, одличен менувач и одлична потрошувачка наспроти веќе досадниот надворешен дизајн и малку конзервативно дизајнираната внатрешност, го сместуваат високо, во самиот врв во класата.
На страна многуте вљубеници во Golf поради традицијата, тој се уште има што да понуди, иако за ралика од првата и втората генерација, искуството на корисниците преку четвртата и петтата генерација покажа дека и Golf може да биде ранлив и дека трошоците за одржување не се така ниски како порано.
Многу значајно, за ралика од претходната генерација, малку дури и е загубено на возни својства, само заради повиско ниво на удобност, кое се добива со помеко подесената амортизација.
Нема сомнените дека Golf е одличен автомобил, можеби најдобар во класата, но како главен негов контра аргумент секако оди високата (највисока) цена во однос на конкурентите. Добро опремен Golf 6 веќе е многу блиску до цената на модел со исто силен мотор и речиси исто ниво на опрема како автомобил од повисоката класа (Mazda 6, Honda Accord...). Вреди добро да се размисли.
ПРЕДНОСТИ
• Комфорна кабина
• Квалитетни материјали
• Завршна обработка
• Возни својства
• Перформанси
• Економичност
• Добра звучна изолација
НЕДОСТАТОЦИ
• Висока цена и скапи доплати
• Удобност во рамките на просекот во класата
• Дизајн - изгледа само како освежен модел на 5-ката
• Слаб основен бензинец
извор коли ком мк
Митсубиши Лансер
Lancer визуелно е најатрактивниот модел во класата. Зад лутиот поглед се крие солиден семеен автомобил, во многу нешта погоден за македонскиот купувач.
Жива вистина е дека Lancer со својот маркантен и агресивен дизајн со остри линии речиси никого не остава рамнодушен. И додека Lancer Evo е темпирана бомба на 4 тркала, кај регуларниот модел очигледен е обидот за интегрирање на спортски темперамент и неопходен комфор, спакувани во не толку компактни димензии.
Во внатрешноста има и повеќе од доволно простор. Возачот има мноштво варијанти за нагодување на идеалната позиција на седиштето, со што се надминува проблемот што воланот не се нагодува и според длабочина. Од назад, пак, стигнуваат првите посериозни забелешки – багажникот е долг, но тенок, што го ограничува и вкупниот волумен и соодветноста на одреден багаж. Уште една неповолност е што задната клупа не е делива.
Нема критики од аспект на опременоста и безбедноста. Во богатата сериска се и сателитската навигација, одличниот стерео систем со 30 гигабајти меморија за песни, темпомат, сериските ESP и ASR, како и 6-те воздушни перничиња.
Kaj Lancer постигнато е високо ниво на компромис помеѓу удобност и возни својства. Релативно е удобен, но не како кај најдобрите од класата. Поминува суверено преку поголемите дупки или нерамнини, но малку е несигурен кај помалите. Нерамнините се чувствуваат и слушаат, но ударите не се пренесуваат на телата на патниците, автомобилот е цврст и компактен. На автопат, Lancer се однесува како поголем автомобил.
Доколку кон сето тоа се придодаде и големата бучава од патот, а особено од моторот, (при брзини некаде над 100 km/h), се добива впечаток дека Lancer не нуди високо ниво на удобност за патниците, како што тоа го нудат конкурентите. Компензацијата за сето тоа, сепак, е солидното држење во свиоците, иако воланот не враќа доволно повратна информација од патот.
Моторите се солидни. 1,5 бензинецот со 109 КС троши 7,4 литри просечно (6,4 на отворено и 9,2 литри во град), што е добар резултат за таков мотор во семејна лимузина, но само со дефанзивно возење. Спортскиот и гласен звук е постојана покана за подинамично возење, но тогаш и потрошувачката значително расте.
Можеби не е на ниво на јапонските конкуренти Civic Sedane или Corolla, но затоа неговата цена е особено достапна. Едноставно, за сумата по која се продава на македонскиот пазар, Lancer е и тоа како исплатлив автомобил.
извор коли ком мк