Tommy, потписов ти е закон
btw дај бе луѓе на културен начин бар у оваа тема. ОК јапанците се бољи и мене ме убедивте
Поентата ми беше да се направат реални споредби меѓу исти класи на коли и да се бодуваат, сигурен сум дека во ниската класа Јапанците ќе предњачат, во средната така-така, зависи од одбраните модели (значи тука се некаде), додека во високата класа ќе се истакнат Германците. Мислев дека некој од помладите нема да го мрзи и ќе прогугла малку, можда и ќе не(ме) изненади? 
Абе Џиџи... Уште у старт моментот со „културен начин“ ти беше осуден на пропаст

Ама ај си рече, да пробаш а?

Знаеш дека едноставно НЕ МОЖЕ да се каже „јапонските се подобри“ или „германските се подобри“... И едните и другите си имаат огромен број предности и недостатоци. А исто така, немогуќе е да се направи онаква „дефинитивна“ одлука, поради тоа што секој си има свои преференци и свои барања и очекувања од некој автомобил.
Од мое лично искуство, можам да генерализирам дека повеќето јапонски и германски коли се „клинички ладни“ и бездушни. Нормално дека има исклучоци кај обете страни. Но, генерално земено, и едните и другите, се одлично склопени и квалитетно изработени, и се во состојба да бидат со тебе „додека да те испратат на оној свет“, под претпоставка дека се одржувани правилно. Главната разлика може да се забележи во пристапот... Во неколку наврати се случило, Германциве да се истрчаат со промоција на некоја технологија, па во текот на следните неколку години да ја направат како што треба, т.е. како што било оригинално замислено. Јапонците пак, имаат тенденција прво да испитаат се’ живо и диво, од секој можен агол, па да го промовираат своето ново „чудо“ (пр. VAG прво ги претстави TSI моторите, а после почна да ги прави како што треба, а рецимо Honda некои 6-7 години го развиваше дизелот и направи врвна машина). И се разбира, има разлика во начинот на промоција... Повеќето Германци „се дерат“ у јавност кога ќе направат, или имплементираат нешто ново (за нив), додека Јапонците пристапуваат многу посуптилно (пр. за MINI Countryman /Германец е, не е Британец

/ не запира патот /или како и да беше/ пошо имал погон на сите тркала. Subaru цел живот има /фантастичен/ погон на сите тркала, па не се исцепаваат на тој начин).
Се согласувам со моментот за високата класа. Јапонците па и немаат баш многу претставници тука (некој Лексус, и евентуално Хонда Леџенд), и затоа Германците доминираат во оваа класа.