Гласање

Германско ауто или Јапанско ауто

Германско
38 (52.1%)
Јапанско
35 (47.9%)

Вкупно гласови: 73

Автор Тема: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D  (Прочитано 85636 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #120 на: 01 Октомври 2011, 19:03:45 pm »

Toa e тоа што не сакаат да го признаат луѓето. Пусто его, не дава. Хонда Леџенд пред ЕС класа... Ви се молам. :)
[/quote]

Ама види јас така се осеќам, некој може и поинаку да се осеќа.
[/quote]
Случајно се погодило осеќањата да ни се исти во тој поглед.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #121 на: 01 Октомври 2011, 19:24:14 pm »
ОК, ајде со факти. Предности и маани конкретно... Еве Голф 6 102 КС и Лансер 1.5 109 КС, како најсоодветни по кубикажа и коњажа: Значи квалитет на изработка и на материјали, цена, перформанси, потрошувачка, гаранција, опрема, бучавост, цена на половно возило, цена на редовен сервис, цена на резервни и потрошни делови и материјали ... не ми текнува сега, да се направи споредба, дај има помлади, нека се истакнат малце со една табела или слично :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44589
  • Il Moderatore
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #122 на: 01 Октомври 2011, 19:28:49 pm »
ОК, ајде со факти. Предности и маани конкретно... Еве Голф 6 102 КС и Лансер 1.5 109 КС, како најсоодветни по кубикажа и коњажа: Значи квалитет на изработка и на материјали, цена, перформанси, потрошувачка, гаранција, опрема, бучавост, цена на половно возило, цена на редовен сервис, цена на резервни и потрошни делови и материјали ... не ми текнува сега, да се направи споредба, дај има помлади, нека се истакнат малце со една табела или слично :)

Јас би пробал Голф вс Цивик. Астра вс Лансер, А3 вс Импреца, посоодветно е, и по цена и по имиџ...
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #123 на: 01 Октомври 2011, 19:35:12 pm »
Може, може - нема проблем, ама Голфот 1.4, Астрата 1.6 и тн. ;)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #124 на: 01 Октомври 2011, 19:36:29 pm »
Сметам дека импрецата има превисока цена во Македонија и е надвор од споредба заради тоа. Иако лично мене со 2.0Д мотор ми е соврешно добро возило. Прекрасна машина. 25.000 евра, е малце голема угорница.

Голф 1.2 тси - Цивик 1.4 се премногу блиску, иако хондата ќе троши нешто повеќе преблиску се за да се одреди победник.

Голф ТДи - Цивик ? = И така...

Астра вс Лансер = исто преблиску се за да би се одредило како основни модели, само заради тежината не би ја земал Астрата.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44589
  • Il Moderatore
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #125 на: 01 Октомври 2011, 19:39:37 pm »
мислев со соодветна моторизација, еве ко Дени што кажа, нека биде Импреца 2.0д со А3 спортбек 2.0тди и тој е 25иљадарки ко` бог!
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44589
  • Il Moderatore
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #126 на: 01 Октомври 2011, 19:41:34 pm »
а, да се извинувам на djidji, и тој така мислеше :) голф 1.4 вс цивик 1.4 и астра 1.6 вс лансер 1.5
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #127 на: 01 Октомври 2011, 19:45:32 pm »
а, да се извинувам на djidji, и тој така мислеше :) голф 1.4 вс цивик 1.4 и астра 1.6 вс лансер 1.5
;)

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4136
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #128 на: 01 Октомври 2011, 19:47:44 pm »
А шо само Германско вс. Јапонско, нека биде Европа вс. Азија.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #129 на: 01 Октомври 2011, 19:48:57 pm »
А шо само Германско вс. Јапонско, нека биде Европа вс. Азија.
Друга тема...

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34364
  • Таков е животот... јебига
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #130 на: 01 Октомври 2011, 19:58:25 pm »
Си возел Дастер? Или Сандеро? Не е многу далеку од хјундаи.
Уффф многу е далеку. Вит ол дју респект, Дени грешиш во врска со ова. Хундаи е две класи над Дачиа. Сум ги возел и едните и другите, тотално неспоредливи. Овде го исклучувам само 1,5 ДЦИ моторот во Сандеро кој не е Дачиа и кој влече подобро од било што што Хундаи има да понуди

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #131 на: 01 Октомври 2011, 20:04:39 pm »
Румунија VS Јужна Кореја/Словачка ... ОТ !!! ;)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44589
  • Il Moderatore
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #132 на: 01 Октомври 2011, 20:12:45 pm »
Мислам дека гласањето „Германско“ или  „Јапонско“ е непотребно, општо познат факт е дека на форумов (и во државава) се во поголем број љубители на германските аута.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #133 на: 01 Октомври 2011, 20:12:53 pm »
Си возел Дастер? Или Сандеро? Не е многу далеку од хјундаи.
Уффф многу е далеку. Вит ол дју респект, Дени грешиш во врска со ова. Хундаи е две класи над Дачиа. Сум ги возел и едните и другите, тотално неспоредливи. Овде го исклучувам само 1,5 ДЦИ моторот во Сандеро кој не е Дачиа и кој влече подобро од било што што Хундаи има да понуди
Грешка си!!! 1.5дци во сандеро степвеј неможев да го дигнам 120 на булеварите во ново лисиче.... му давам минимум 15-16 секунди до 100... за мењачот да не правам муабет....
Више нема да ја терам ОТ .... Ветувам...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Германски версус Јапонски возила на културен начин ;D
« Одговори #134 на: 01 Октомври 2011, 20:13:08 pm »
Golf VI

Новиот Golf, веќе 6-ти по ред, задржува се што имаше претходникот, а носи некои подобрувања, главно поквалитни материјали во внатрешноста и помалку продор на звук од моторот.

Oд VW  се одлучија за доработка на 5-ката, наместо комплетно нов модел, па и затоа повеќе би му одговарало името VW Golf 5 и пол! Повторно одлични возни својства, функционален и комфорен ентериер со високо ниво на прегледност, одличен менувач и одлична потрошувачка наспроти веќе досадниот надворешен дизајн и малку конзервативно дизајнираната внатрешност, го сместуваат високо, во самиот врв во класата.

На страна многуте вљубеници во Golf поради традицијата, тој се уште има што да понуди, иако за ралика од првата и втората генерација, искуството на корисниците преку четвртата и петтата генерација покажа дека и Golf може да биде ранлив и дека трошоците за одржување не се така ниски како порано.

Многу значајно, за ралика од претходната генерација, малку дури и е загубено на возни својства, само заради повиско ниво на удобност, кое се добива со помеко подесената амортизација.

Нема сомнените дека Golf  е одличен автомобил, можеби најдобар во класата, но како главен негов контра аргумент секако оди високата (највисока) цена во однос на конкурентите. Добро опремен Golf 6 веќе е многу блиску до цената на модел со исто силен мотор и речиси исто ниво на опрема како автомобил од повисоката класа (Mazda 6, Honda Accord...). Вреди добро да се размисли.
   ПРЕДНОСТИ
• Комфорна кабина
• Квалитетни материјали
• Завршна обработка
• Возни својства
• Перформанси
• Економичност
• Добра звучна изолација
   
   НЕДОСТАТОЦИ
• Висока цена и скапи доплати
• Удобност во рамките на просекот во класата
• Дизајн - изгледа само како освежен модел на 5-ката
• Слаб основен бензинец

извор коли ком мк


Митсубиши Лансер

Lancer визуелно е најатрактивниот модел во класата. Зад лутиот поглед се крие солиден семеен автомобил, во многу нешта погоден за македонскиот купувач.

Жива вистина е дека Lancer со својот маркантен и агресивен дизајн со остри линии речиси никого не остава рамнодушен. И додека Lancer Evo е темпирана бомба на 4 тркала, кај регуларниот модел очигледен е обидот за интегрирање на спортски темперамент и неопходен комфор, спакувани во не толку компактни димензии.
 
Во внатрешноста има и повеќе од доволно простор. Возачот има мноштво варијанти за нагодување на идеалната позиција на седиштето, со што се надминува проблемот што воланот не се нагодува и според длабочина. Од назад, пак, стигнуваат првите посериозни забелешки – багажникот е долг, но тенок, што го ограничува и вкупниот волумен и соодветноста на одреден багаж. Уште една неповолност е што задната клупа не е делива.
 
Нема критики од аспект на опременоста и безбедноста. Во богатата сериска се и сателитската навигација, одличниот стерео систем со 30 гигабајти меморија за песни, темпомат, сериските ESP и ASR, како и 6-те воздушни перничиња.

Kaj Lancer постигнато е високо ниво на компромис помеѓу удобност и возни својства. Релативно е удобен, но не како кај најдобрите од класата. Поминува суверено преку поголемите дупки или нерамнини, но малку е несигурен кај помалите. Нерамнините се чувствуваат и слушаат, но ударите не се пренесуваат на телата на патниците, автомобилот е цврст и компактен. На автопат, Lancer се однесува како поголем автомобил.
 
Доколку кон сето тоа се придодаде и големата бучава од патот, а особено од моторот, (при брзини некаде над 100 km/h), се добива впечаток дека Lancer не нуди високо ниво на удобност за патниците, како што тоа го нудат конкурентите. Компензацијата за сето тоа, сепак, е солидното држење во свиоците, иако воланот не враќа доволно повратна информација од патот.
 
Моторите се солидни. 1,5 бензинецот со 109 КС троши 7,4 литри просечно (6,4 на отворено и 9,2 литри во град), што е добар резултат за таков мотор во семејна лимузина, но само со дефанзивно возење. Спортскиот и гласен звук е постојана покана за подинамично возење, но тогаш и потрошувачката значително расте.
 
Можеби не е на ниво на јапонските конкуренти Civic Sedane или Corolla, но затоа неговата цена е особено достапна. Едноставно, за сумата по која се продава на македонскиот пазар, Lancer е и тоа како исплатлив автомобил.

извор коли ком мк