@Banzai
Се убаво си напишал, само корисникот кога купува производ, сака тој да биде готов производ.
Ова твоево знаеш како излегува..
Одиш во салонот на Порше, купуваш Голф со 80 коња и продавачот ти вика, сега уште ти фали бензин да си туриш, патот до Солун да го поминиш и да изгубиш 3 саати за да ти наместат турбо на колава, бидејќи џабе е Голф, нема да ти биде којзнае колку од корист.
Патот до Солун = времето да ги најдеш сите тие апликации на интернет
Времето за инсталација на турбото = времето за инсталација на истите
Ајде сега малку реален муабет за неговите недостатоци.
- нема нешто посебно кога се работи за неговата камера. Сликите на него изгледаат добро, но толку. Споредбата со Амоледот на Самсунг (ако некој воопшто се осмели да ја направи) е тотална лудост.
- нема вграден софтвер за обработка на документите.
- немаш подршка за популарните медиа и видео формати на фајлови од типот на АВИ. Ако сакаш да гледаш видео, ќе мораш да бараш формат кој му одговара на Ајфон.
- слушалките кои одат со него не се на нивото на кое треба да бидат.
Така да Ајфон како производ не е комплетен. За да биде комплетен и за да не биде пиратски сработен, ќе ти требаат уште најмалку толку евра колку што ќе го купиш. Ако на тоа додадеме дека апликациите се обновуваат и апдејтираат (односно не се конечни), на парите кои треба да ги додадеш за истиот им нема крај.
П.С. Не сакав да ги повторувам оние ситни да ги наречам проблеми кои можат да те извадат од такт.
(да не можеш да избришеш контакт кој те побарал, слика да не можеш да префрлиш, да не можеш број да си снимиш на СИМ картичката..)