Не најдов податоци колкав момент крепат едните или другите, но по муабетиве на yt ударните не крепат голем момент континуирано, што значи или ќе бидиш ограничен на по мали димензии за шрафовите или ќе треба ептен да пазиш т.е. многу време да трошиш. Од друга стана ударните шрафилици имаат доста интензивни пикови а регулацијата не им е баш нешто поуздана, се менува бројот на удари, но силата не варира многу. Тие малите шрафчиња 3-4цм што се, ако ги шрафиш во иверица баш треба да си искусен мајсто за да не ги провртиш, значи по видеава на yt само што ќе го допре ми се чини дека го провртува, додека на шрафилиците ќе си поддесиш нели има тоа бројките колку да шрави, па и 15мм што се шрафчињата и нај чкарт да се ќе ги зашрафи безбедно, инпактот све мислам дека ќе ги разнесе ако се чкарт или ними или иверицата, додека пак на пример ако имаш некој шраф пола зашрафен во греда инпактот е неспоредливо подобра од обичната шрафилица, поготово ако си на скали качен ( да немаш контра сила да се задржиш).
Колку што имам изгледано податоци и видеа, ударните имаат х3 момент од обичните, но секпа со обична лесно можеш да скршиш ударен бит. На крајот зависи од намената, што ќе шрафиш.
Лично су шрафел до 10 ка штаф 6мм дијаметар во палети, никогаш не заглавила шрафилицата, сум немал проблем, иако со ударната некакое по конфорно, но истата работа ќе ја завршиш за приближно исто време. За аматерска работа пра муабет, за профи не знам.
на крајот на краиштата за аматерска работа нема да ти требаат повече од 5-6 големини на битови такад а мојш да земиш од двата типа па да работиш по пропис. До сега пх 2,3 и 4 ми затребале, а истите фаќаат и на пз 2,3,4. До сега не сум сретнал торакс шрафови за во дрво т.е. некаде видов ама беа 15-20 денари парче, додека со ПХ „сокет“ се по 1,5-2 денари, што мислам дека не се исплаќат да даваш х10 пари за шраф што ќе ти ја заврши истата работа, иако тораксите се полесни за шрафење.