Автор Тема: Алат кој би сакале да го имате  (Прочитано 194325 пати)

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 99
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1110 на: 13 Јануари 2024, 08:19:34 am »
https://www.lidl.rs/p/elektricni-udarni-odvijac-pdsse-550-a1/p10016838

550 W
Broj obrtaja u praznom hodu n₀: 3700 min-1
Maks. moment odvijanja: 500 Nm
Maks. moment pritezanja: 100 Nm
Prihvat alata: ½“ spoljašnji četvorougaoni


Јас го имам тој одвртувач од 2018 година и го користам за замена на тркалата два пати во годината (фелни со зимски гуми со фелни со летни гуми и обратно).
Наменет е за одвртување на завртките на тркалата од моторно возило. Можеш да одвртиш и повеќе затегнати завртки од вулканизери (има момент до 300 или 500 kNm) а за затегнување на завртки од автомобилски тркала ти е доволен фабричкиот момент од 100 kNm.
Во комплетот , во пластичниот куфер, имаш 4 насадни клучеви CrV и резервни четкици.
Ти препорачувам да набавиш ударен насаден клуч од CrMO и ќе ја осетиш вистинската снага на уредот (работи и со приложените насадни клучеви, ама со другиве одвртува моментално).

За периодична употреба на замена на тркала на автомобил е одличен уред.
За професионална, секојдневна употреба има поквалитетни, поскапи уреди.

Мене ми се исплати финансиски а заштедата на време е дополнителен бенефит, што не мора да чекам со часови замена кај вулканизер во ноември и март.

Бидејќи веќе си го порачал, ти посакувам со здравје да го користиш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1111 на: 13 Јануари 2024, 08:38:55 am »
Дечки планирам да си го отворам лаптопот macbook. Ми треба алат т.е торкс TR6.
Да не има некој информација каде може да најдам во Скопје?
Сигурен си дека не е Ренталобе туку Торкс?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1112 на: 13 Јануари 2024, 11:09:28 am »
Јас го имам тој одвртувач од 2018 година и го користам за замена на тркалата два пати во годината (фелни со зимски гуми со фелни со летни гуми и обратно).
Наменет е за одвртување на завртките на тркалата од моторно возило. Можеш да одвртиш и повеќе затегнати завртки од вулканизери (има момент до 300 или 500 kNm) а за затегнување на завртки од автомобилски тркала ти е доволен фабричкиот момент од 100 kNm.
Во комплетот , во пластичниот куфер, имаш 4 насадни клучеви CrV и резервни четкици.
Ти препорачувам да набавиш ударен насаден клуч од CrMO и ќе ја осетиш вистинската снага на уредот (работи и со приложените насадни клучеви, ама со другиве одвртува моментално).

За периодична употреба на замена на тркала на автомобил е одличен уред.
За професионална, секојдневна употреба има поквалитетни, поскапи уреди.

Мене ми се исплати финансиски а заштедата на време е дополнителен бенефит, што не мора да чекам со часови замена кај вулканизер во ноември и март.

Бидејќи веќе си го порачал, ти посакувам со здравје да го користиш.

Фала, за цената навистина не се пропушташе... Баш деновиве читав/истражував што се нуди од ударни одвртувачи е сега работата е што мене ми треба и за штрафење во дрво, можеби некогаш и за штрафење во бетон. Но како што реков цената е навистина евтина, па дури и да набавам и подобар нека го има и овој. Баш сам си ги менувам тркалата и ќе биде интересно дали Парксајдов ќе ги одштрафи рачно затегнатите штрафови.

Од каде набави добар ударен насаден клуч од CrMO? Има поединачни да се купат? Што бренд?
Јас мислев дека разликата е само во издржливост, интересно е ова што го кажуваш за подобри перформанси. Веројатно поголемата еластичност (помалата крутост) на CrMO игра улога.


Инаку ако некој го интересира во Лидл во моментов има и рачни момент клучеви од парксајд.


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1113 на: 13 Јануари 2024, 11:57:35 am »
Crmo misla se crnite, narodski gi vikaat udarni klucoj,  taka kje gi nadesh. Ja zedov od ingco, gi ima vo eftinija, a misla deka imashe i vo kupi alat na fotum i vo arilje metal.
Inaku bi trebalo da se pokruti a po ne elasticni, bar taka deluvaat.

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1114 на: 13 Јануари 2024, 12:02:38 pm »
Фаќен Епл... десет еура штрафцинѓер...

Од Скопје ли си, роџак?

Мислам дека работат до 14:00 утре
https://www.loging.mk/283/198530/0/ShowProduct/Shrafciger_Torks

Едитс:
Пон-Пет 09-20h / Сабота 09-16h

Да почнаа и на штрафцигери да ќаруваат епл :-X
Супер Фала ти за информација

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1115 на: 13 Јануари 2024, 12:12:43 pm »

https://www.loging.mk/283/198530/0/ShowProduct/Shrafciger_Torks

Едитс:
Пон-Пет 09-20h / Сабота 09-16h


Еве и поевтино (и цел сет).
https://www.loging.mk/279/165260/0/ShowProduct/Shrafcigeri_Torks

Jaс на негово место би идел со тој CK што си го линкал, релативно квалитетен алат е.


Crmo misla se crnite, narodski gi vikaat udarni klucoj,  taka kje gi nadesh. Ja zedov od ingco, gi ima vo eftinija, a misla deka imashe i vo kupi alat na fotum i vo arilje metal.
Inaku bi trebalo da se pokruti a po ne elasticni, bar taka deluvaat.
Хром ванадиум по физички каректеристики е покрут од хром молибден па импакт додатоците воглавно ги прават од хром молибден... Поквалитетните. Ако ситничариме веројатно има и ванадиум и молибден и во двете варијанти, само во различни односи. :)

П.С. Лани земав PZ битови од Ингко, 3 скршив за 10 минути штрафење (средно големи штрафови во дрво). Може би земал Ингко клучеви ако нема ништо друго на избор, ама не би им верувал дека се квалитетно направени со хром молибден (ниту па хром ванадиум). Кинезите прават и квалитетни работи, ама ретко може да биде и квалитетно и евтино... Е сега ако си ги утепал од користење тие ударни клучови од Инго, и од искуство можеш да ги пофалиш - тогаш тоа е друг муабет, тогаш идам и купувам.
« Последно менување: 13 Јануари 2024, 12:21:40 pm Van »

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3060
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1116 на: 13 Јануари 2024, 14:17:25 pm »
Дечки планирам да си го отворам лаптопот macbook. Ми треба алат т.е торкс TR6.
Да не има некој информација каде може да најдам во Скопје?



Нексио држи квалитетни сетови ама и цената не заостанува.

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 99
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1117 на: 13 Јануари 2024, 18:48:09 pm »

Фала, за цената навистина не се пропушташе... Баш деновиве читав/истражував што се нуди од ударни одвртувачи е сега работата е што мене ми треба и за штрафење во дрво, можеби некогаш и за штрафење во бетон. Но како што реков цената е навистина евтина, па дури и да набавам и подобар нека го има и овој. Баш сам си ги менувам тркалата и ќе биде интересно дали Парксајдов ќе ги одштрафи рачно затегнатите штрафови.

Од каде набави добар ударен насаден клуч од CrMO? Има поединачни да се купат? Што бренд?
Јас мислев дека разликата е само во издржливост, интересно е ова што го кажуваш за подобри перформанси. Веројатно поголемата еластичност (помалата крутост) на CrMO игра улога.

Инаку ако некој го интересира во Лидл во моментов има и рачни момент клучеви од парксајд.

Со тој нападен момент што го има Парксајдот за одвртување (500Nm) ќе ја одврти речиси секоја завртка крвнички затегната од вулканизер... Сега шпекулирам, ама мислам дека и завртките неможат да издржат поголем мемент на затегање, или завртката ќе се скине или фелната ќе се деформира/пукне, посебно фелните од алуминиумски легури.
Одвртувачот има нападен момент за затегнување од 100Nm што е препорачан момент на затегнување на завртки за фелни за автомобил. Према тоа рачен момент клуч (можеби) и не ти треба. Еве, јас немам и до сега сите завртки се на место, не е разлабавена ниту изгубена ниту една...

Рачен момент клуч 1/2" има во Лидл во Србија, ама на реклама на интернет... тешко ќе го најдеш во продавница... Он е интересен и за локалците.

На парче во Скопје:
Ударен насаден клуч имаш од „плитките“ 38mm од Hikoki кај продавачите на Metabo, цената беше околу 500 денари.
Ударен насаден клуч имаш од „длабоките“ 80mm од Milwaukee кај продавачите на Peugeot, цената беше околу 900÷1000 денари.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1118 на: 13 Јануари 2024, 19:24:41 pm »


И секако:

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6374
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1119 на: 15 Јануари 2024, 08:11:28 am »
Со тој нападен момент што го има Парксајдот за одвртување (500Nm) ќе ја одврти речиси секоја завртка крвнички затегната од вулканизер... Сега шпекулирам, ама мислам дека и завртките неможат да издржат поголем мемент на затегање, или завртката ќе се скине или фелната ќе се деформира/пукне, посебно фелните од алуминиумски легури.

Братучед ја купи таа на батерии ударната и кај другар му не отштрафија ниту еден мислам од тркало. Се врате дома ми го бараше, како е на македонски „breaker bar“, шипка за кршење?
Ќе речиш 400њутни и тој е пиштолот не можат да грешат до толку ама ете...

За електричната не знам колку е силна во пракса.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2160
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1120 на: 15 Јануари 2024, 09:51:20 am »
Кој вулканизер му ги има заштрафено него шо не успеа да ги пушти ударнио.
Ме чуди оти го имам истио јас па на двете коли ги пушти без проблем.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6374
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1121 на: 15 Јануари 2024, 10:01:07 am »
Не знам, освен фалична/ослабена да не се погоде ударната, баш кај мене рачно заштрафени поручеква ќе пробам ако не заборавам.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1122 на: 15 Јануари 2024, 10:36:21 am »
Фаќен Епл... десет еура штрафцинѓер...

Од Скопје ли си, роџак?

Мислам дека работат до 14:00 утре
https://www.loging.mk/283/198530/0/ShowProduct/Shrafciger_Torks

Едитс:
Пон-Пет 09-20h / Сабота 09-16h

misla deka se so 5 kraka, ostanatite se so 6

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3060
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1123 на: 16 Јануари 2024, 00:46:11 am »
Кој вулканизер му ги има заштрафено него шо не успеа да ги пушти ударнио.
Ме чуди оти го имам истио јас па на двете коли ги пушти без проблем.

Компресорските пиштоли идат и преку 1000Nm, a и кај некои (електрични/батериски) impact wrench-ови има различен торк на заштрафување и одштрафување.

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1124 на: 16 Јануари 2024, 01:50:31 am »
Дечки планирам да си го отворам лаптопот macbook. Ми треба алат т.е торкс TR6.
Да не има некој информација каде може да најдам во Скопје?



Нексио држи квалитетни сетови ама и цената не заостанува.
Да, но ова е прескапо. Фала сепак