Автор Тема: Алат кој би сакале да го имате  (Прочитано 194199 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1125 на: 18 Јануари 2024, 00:43:21 am »
Апропо муабетот поназад за CrMO vs CrV, од аспект на торк/вртежен момент.








Од аспект на тежина на насадниот клуч:


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1126 на: 18 Јануари 2024, 09:39:30 am »
Фнучковци, културно ќе ве замолам оваа година да не користите фрази како "апропо",
прво затоа што тоа се два збора, а второ и поважно, затоа што тоа на Француски едноставно значи "за нас"
сиже може?
а за бит како ? Ударци ?

Затоа ги викаат ударни :D  за да издржат и мислам дека, за разлика од *битовите може да ги користиш и на рачен клуч.
*Битојте наменети за ударна шрафилица, не се предвидени за обична шрафилица или за рачно стегање, имаат амортизациона зона.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1127 на: 18 Јануари 2024, 21:14:06 pm »
Денес му се дупна гума на брат ми па имав шанса да го пробам Парксајдот. Првични импресии: ОК е. Брат ми го затекнав како се мачи со првиот штраф, но одвртувачов ги извади за 5-6 секунди по штраф.

Резервното тркало го заштрафив со Парксајдот, потоа го пробав и момент клучот наместен на 110 њутнметри. Сосема малку требаше да се дозатегне за да се дојде до 110, што значи дека Парксајдот затегнува некаде до ~100 њутнметри. Така да импресиониран сум, посебно за парите (накај 3 илјади испадна).
Има ограничување за торк на 100 Nm (што е лошо за други намени освен за менување тркала). За одвртување спецификации кажуваат 500 Nm. Детали:
Model Number: PDSSE 550 A1
-Power: 550 W
-loosening torque max. : 500Nm
-Max. torque : 100 Nm
-No-load speed: 3,700 rpm





Момент клучот исто изгледа солидно. Направен е во Кина ама брендиран е од Walther Австрија. ~1500 ден. во Лидл.
Пар работи кои не ги знаев а ги научив: Само за стегање. Не се одвртува со момент клучот (барем не со овој), пошто може да се измести подесувањето/калибрацијата. Исто после употреба сетирањето за вртежен момент се враќа на најниско подесување и така се чува до наредна употреба (има некој штраф внатре што не треба да седи затегнат).

Еве едно описно видео, на Италијански е ама пуштете англиски титлови:


Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 334
  • The best or nothing.
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1128 на: 18 Јануари 2024, 21:43:19 pm »
Со крцкало и момент клуч не се одвртува. Си постои фиксна полуга за отпуштање, а потоа со крцкалото се продолжува.
Како дополнување за момент клучот, после одредено време, по правило се носи на калибрација.
Со здравје да си го користиш. Сега можеш, свекици, филтерот за масло, штопната, да ги стегаш по фабрички пропис.  :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1129 на: 18 Јануари 2024, 21:44:12 pm »
Nema straf, ima feder vnatre i zatoa treba da stoi olabaven koga ne se koristi

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1130 на: 19 Јануари 2024, 12:06:32 pm »
Со крцкало и момент клуч не се одвртува. Си постои фиксна полуга за отпуштање, а потоа со крцкалото се продолжува.
Како дополнување за момент клучот, после одредено време, по правило се носи на калибрација.
Со здравје да си го користиш. Сега можеш, свекици, филтерот за масло, штопната, да ги стегаш по фабрички пропис.  :)
Фала, подобро да си земеш. Да не знаеш за некоја табела/онлајн ресурс за ова според аута?


Nema straf, ima feder vnatre i zatoa treba da stoi olabaven koga ne se koristi
На федер мислев, лапсус.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 334
  • The best or nothing.
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1131 на: 19 Јануари 2024, 18:28:28 pm »
Најубаво пиши на гугл, точен модел на кола, и ќе добиеш точни информации.
Јас грубо знам, штопна 25 Nm, филтер за масло 20 Nm, фелните на 115/20Nm.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6373
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1132 на: 27 Февруари 2024, 18:00:31 pm »
Инко 3100ден, макитава ми излезе како реклама на инстаграм, и гледајќи на јутуб ривјуа изгледа прилично квалитетна внатре плус детали како гумирана рачка, гумиран кабел. 3 години гаранција макитата во синпекс и лотулс, инкото најверојатно една, што зборува за квалитетот на изработка.

Само моќноста ми го мати умот, да не е ептен послаба, а реално ми треба колку некоја дупка вѕид да дупнам од време на време.
Од стрико ми позајмувам, тој има една пластична помала и една со метално чело, појма немам шо модели и сила, излитеа плочките, ама со таа металната дупло побрзо се завршува работата.





Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1133 на: 27 Февруари 2024, 22:58:51 pm »
Колку е ингкото ?
Ѕид или бетон ? Ѕид двете ќе избушат, бетон ни една :) и инко не се покажаа лоши за од време на време со тоа што макитата би требало да имат подобра интермедија на пример ако монтираш четка за рѓа да ваѓаш, инкото побрзо ќе загрее по моја процена. Побрзо или поспоро, со двете ќе завршиш работа.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6373
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1134 на: 28 Февруари 2024, 10:03:01 am »
Аман бе, 200€ ми требаат за бетон значи.  ;D

Со батериска ми е послесно се останато ама немам чекан за бушење во бетон, тула.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1135 на: 28 Февруари 2024, 10:34:51 am »

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 579
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1136 на: 28 Февруари 2024, 10:39:22 am »
Каде можам да најдам вакво, без да чекам од Али?


picture sharing

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1137 на: 28 Февруари 2024, 13:31:23 pm »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1138 на: 28 Февруари 2024, 14:06:15 pm »
е со какви финти се служат нечесници

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #1139 на: 28 Февруари 2024, 14:56:33 pm »
Ryobi носи некој кај нас?