Ич не се замарај со њутнметри, јас имам од Парксајд со тие стандардните 25-30њм и се повеќе од доволни за штрафење во иверица па дури и во тврдо дрво, попрво ќе го скиниш штрафот него да не можиш да го заштрафиш.
Тие посилните се ударни, па ако работиш со талпи и греди и 20-ки штрафови, тогаш таква земај.
Таа од Инко погоре е типот што ти треба, две брзини, за штрафење и бушење, и тие волтажите ако играат улога 15-20V нека бидат, да не испадни слаба после.
И поголема бургија од 10-ка ако прима убо е и тоа.
Марка не можам да ти предложам пошто не ги знам, ама каква и да земиш мислам ќе биди солидна.